08 Декември, 2025
0.0361

Чекор назад за два чекори напред!?

Објавено во: Економија, Колумни 23 Мај, 2016 08:32

Добивај вести на Viber

Навивачките  оценки на минатонеделните политички случувања од типот на „победници“ и „губитници“  се можни само доколку се има предвид  дека  станува  збор за „резултат“ во првото полувреме на „натпреварот“. Со имплементација на одлуката на судиите, во случајов, на Уставниот суд,  „натпреварот“  продожува меѓу политичките противници, но со уште пожестока динамика.

Факт е дека со отстапката да се одложат изборите од 5 јуни владината коалиција се консолидира и успеа да ги исфрли од владата опозиционите министри и дополнителни заменици министри од техничката влада. Со тоа Груевски ја воспостави старата политичка влада, без него во неа, се разбира формално, затоа што суштински тој од самото поставување де факто  го потклапуши постојниот технички премиер. Значи сега на сцена, повторно се врати владата која ги направи скандалите поради кои земјата западна во најголемата  политичка криза по осамостојувањето на Македонија.

На оние на кои не им смета аболицирани политичари и натаму да ја водат државата, се почувствуваа како „победници“ во првото полувреме на судирот меѓу аболицираната врхушка на власт и опозиционите демократски сили кои се борат за создавање на услови за фер и демократски избори, за поништување на одлуките за аболиција, за создавање на непречени услови за работа на Специјалното јавно обвинителство.

Второто полувреме започнува со имплементирањето на донесените законски измени за помилување, од страна на Собранието без пратениците на опозицијата, а по кои во наредните 30 дена  Иванов треба да постапи.

Ако се има предвид дека опозицијата остана без министрите и замениците во неколку министерства кои беа важни за остварување на целите од пржинскиот договор, а опозиционите барања за повлекување на одлуката за аболиција се изманипулирани со алтернации кои го доведуваат во прашање повлекувањето на аболициите, расплетот на второто полувреме станува  уште по неизвесно. Сериозниот заплет ќе настане доколку  претседателот пристапи кон селективно одлучување, иако барањето на демократската јавност е да се повлечат сите одлуки за аболиција. Што ќе биде, може само да се претпоставува, никој со сигурност не знае. Но, тоа и не значи дека Хорхе не може да изненади. Има доволно време да размисли. Белким ќе почне да чувствува лична одговорност за состојбите и, овој пат, ќе донесе одлука со која комплетно ќе ја повлече аболицијата, во спротивно не треба да си професор од калибарот на Хорхе за да разбереш дека така и тој станува директен соучесник во криминалите на криминалците.

Е после овој чекор каков и да е, ќе заврши второто полувреме. Тогаш ќе се види дали едниот чекор назад на опозиционите сили нема да значи два чекора напред. Нема нормален човек кој може да оправда  претседателот да не ги отповика целосно аболициите. Тоа го очекуваат и чесните активисти на владеачките партии и на опозиционите сили кои растат секојдневно и нема да се помират ако претседателот остане глув на нивните барања и на барањата на ЕУ и САД за целосно повлекување на одлуките за аболиција на политичарите и нивните соработници. Народот не може да се помири со водства кои немаат храброст да се соочат со правдата и со евентуалните санкции и изолација на земјата поради такви водства. Тие тоа мора да го имаат предвид и со тоа да го усогласат своето однесување.

Тешко е да се каже како ќе се одвиваат наредните потези.  Од нив, всушност, и ќе се види дали „натпреварот“ ќе заврши регуларно или ќе се креираат нови финти и мајтапи со правото и правосудниот систем. Досегашниот безобразлук на аболицираните е толкав што веќе луѓето можат да се кладат дали владата ќе се реконструира за да му се обезбеди и враќање на Груевски како премиер.  Ако Ахмети му остане „верен“ на Груевски, инсталациите (претседател на државата и Собрание) се подготвени за тоа.  Тестот  до каде може да оди Груевски во одбрана на сопствената кожа и на кожата на најблиските соработници ќе биде во  текот на следните 30  дена кога извршителот на неговите барања Иванов треба да избере дали целосно ќе ја повлече одлуката за аболиција  или тоа ќе го направи селективно.  Ако не ја повлече целосно, за сите осомничени, и донесе селективни одлуки (со што ќе потврди дека подржува неказнивост на криминални групи и поединци) тогаш тоа ќе биде крај на правната држава и аларм на демократските и слободарски сили во земјата, со масовни протести да ги оневозможат аболираните во намерите да ја продолжат автократската и мафијашка власт. Сегашните сигнали се неповолни.

Доказ за тоа се намерите  и брзањето на власта да ги врати  аболираните и другите сменети кадри  во МВР. Иако е демаскиран „до гола кожа“ Груевски, по резултатот од „првото полувреме“ интензивно ги продолжува пропагандните активности за вложувањата на старанците во земјата, бессмислениот проект за враќање на село, вработувањата без плаќање на придонеси, дава поддршка на семејста со 1300 евра месечни приходи да купуваат куќи за да одгледуваат повеќе деца...Како ништо да не се случува и како да не се работи за него. Очигледно е дека сосема погрешно го протолкува едномесечниот политички „рикверц“ во остварувањето на барањата на опозиционите сили во земјата. Се’ уште мисли да се одржи на власт и покрај аболицијата за пет кривични дела и притоа, не му е гајле што секое одложување на неговото соочување со правдата неповолно влијае врз економијата. Очигледно, уште нема разбрано дека со таков товар ниту тој ниту било кој друг може да се појави на јавна сцена. Таквите може и да немаат срам, но доброто е што работите почнаа да се менуваат, а тој процес веќе никој не може да го сопре.

Д-р Крсте Шајноски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?