Добивај вести на Viber
Враќањето на долгот по основ на ДДВ во стопанството ќе придонесе да се намали проблемот со неликвидноста во македонската економија. Доколку во стопанството се вратат 92 милиони евра ќе се затворат долговите четири до пет пати повеќе меѓу компаниите, оценува Мирче Чекреџи, заменик претседател во Сојузот на стопански комори на Македонија.
„Министерството за финансии во септември утврдило дека се работи за 92 милиони евра. До денеска, според информации од Министерството за финансии, исплатени се поголемиот дел од тие пари или точно 72,4 милиони и остануваат до крајот на февруари да се исплатат уште 19,5 милиони. Тоа со голем оптимизам е прифатено во бизнис-заедницата и како Сојуз на стопански комори имаме направено проекција дека ако се вратат во стопанството 92 милиони евра ќе се затворат долговите четири до пет пати повеќе“, изјави Чекреџи.
Тој истакнува дека се работи за иницијатива на Сојузот на стопански комори што Владата ја прифатила и се обврзала до крајот на февруари обврските да се сведат на нула.
Министерството за финансии денеска соопшти дека обврските на државата кон стопанството од септември, кога Владата најави исплата кон компаниите по основ поврат на ДДВ и за договорни работи, е намален за 4,4 милијарди денари или 72,4 милиони евра.
Владината мерка почна во септември минатата година, со цел подобрување на ликвидноста на фирмите.
Според ресорното Министерство, Македонија е единствена од земјите во регионот која пристапи кон решавање на заостанатите обврски кон фирмите што беше признаено и пофалено од Светска банка и ММФ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.