20 Мај, 2024
0.0309

Честитка од Мицкоски по повод католички Велигден

Објавено во: Македонија 31 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им го честита христијанскиот празник Воскресение христово – Велигден на верниците од католичка вероисповед во РМ. 

Тој испати честитка до  Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.

„Ми претставува особено задоволство и чест, во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден.

На најсветлиот и најголемиот христијански празник да Ви посакам мигови на радост, спокој и љубов во секој дом. На денот кога ја славиме победата на животот над смртта да се потсетиме дека само со верба во себе и почит кон другите, ќе успееме да се избориме со сите предизвици и да изградиме просперитетна иднина на нашата држава.

Велигден ни дава голема радост и надеж, не поттикнува да ги надминеме поделбите, да создаваме добри дела и да се почитуваме еден со друг. Само сложни и обединети во овие празнични денови можеме да се избориме за подобра иднина и успех на сите нас.

Воскресението Христово е празник на семејството и ближните и затоа ви посакувам да го минете во мир, здравје и хармонија. Нека е за многу години големиот празник!“ стои во официјалната честитка од лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски


Можеби ќе ве интересира

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување