06 Јули, 2024
0.0363

ЧЕСТО СЕ ЈАВУВА КАЈ ЖЕНИТЕ И МНОГУ РЕТКО КАЈ МАЖИТЕ: Што се крие зад опсесивното купување?

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Постојат поединци кои се опседнати со купување, дури и кога одредени производи реално не им се потребни. Според психолозите, вакви навики најчесто развиваат жените, а многу поретко мажите.

Психологот Наташа Бекирова објаснува дека компулсивно нарушување на купувањето веројатно е нешто што последниве децении во нашето капиталистичко општество е сè почеста појава. Но, тоа опсесивно купување може  да води до финансиско истрошување.

„Сè почесто купувањето на непотребни нешта го гледаме како пракса особено со достапноста на можноста за купување во секој момент, со лесното онлајн купување, со огромниот избор и понуда на пазарот на секакви производи. Опсесивното купување најчесто се појавува кај лица со анксиозни нарушувања, лица кои се во манични епизоди, лица со нарушувања во исхраната, но и кај лица кои злоупотребуваат некакви супстанции“, вели психологот.

Таа додава дека главна карактеристика која се забележува кај овие луѓе е тоа што генерално имаат потешкотии во својата афективност, односно не ги разбираат добро своите емоции и имаат ниска толеранција на негативните емоции.

„Исто така имаат силна потреба за контрола на нештата, која можеби ја компензираат со немање контрола во друга сфера од животот. Интересно е тоа што ова нарушување е во најголем дел слика само кај жените, а кај мажите се јавува многу ретко, скоро и да го нема. За среќа е нешто што психолошки може да се третира и истражувањата покажуваат дека со 3 месеци редовна когнитивно-бихевиорална терапија можат значително да се намалат епизодите на опсесивно купување“, изјави Бекирова.

Шопингот има позитивни страни, релаксира,  предизвикува позитивни емоции, но тоа треба да биде во умерени граници. 

„Опсесивно е кога поединецот мора да купи нешто, без разлика дали му се допаѓа или не му се допаѓа, дали му е потребно или не. Тоа го има како појава, ама не е нешто маркантно, посебно во ова време кога луѓето се слаби со финансии“, додава психијатар од Куманово.

Комплусивното растроено купување не се однесува само на луѓето кои трошат пари повеќе од што им дозволуваат можностите, туку ги вклучува и оние луѓе кои минуваат неконтролирано време во шопинг, па и оние кои постојано размислуваат за купување нешта.  Досегашните истражувања покажуваат дека 80 отсто од припадниците на оваа група се жени, популарно нарекувани купохоличарки. Истражувања кои се правени во странство од друга страна сепак покажуваат дека шопингот ја зголемува самодовербата кај луѓето.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ГАШИ: Зеќирија Ибрахими ќе ја води Алтернатива

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ГАШИ: Зеќирија Ибрахими ќе ја води Алтернатива

ИМЕНУВАЊЕТО ДИРЕКТОРИ ОДИ ПОД ЛУПА: Антикорупциска на штрек, ќе „лови“ неправилности

ИМЕНУВАЊЕТО ДИРЕКТОРИ ОДИ ПОД ЛУПА: Антикорупциска на штрек, ќе „лови“ неправилности

ЗА ШТО Е ПОВИКАН ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР? Шокантни информации се пишуваат во медиумите

ЗА ШТО Е ПОВИКАН ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР? Шокантни информации се пишуваат во медиумите

АПАСИЕВ ИМАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ ОЛИВЕР МУ РЕКОЛ „АЈДЕ БЕ МЕНЕ СО ПИШТОЛИ, АЈДЕ НАВИКНИ СЕ“: Лидерот на Левица откри кој му се заканувал

АПАСИЕВ ИМАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ ОЛИВЕР МУ РЕКОЛ „АЈДЕ БЕ МЕНЕ СО ПИШТОЛИ, АЈДЕ НАВИКНИ СЕ“: Лидерот на Левица откри кој му се заканувал

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВО: Риат Али има 20 годишно искуство во полицијата, бил полицаец а потоа инспектор за борба против дрога

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВО: Риат Али има 20 годишно искуство во полицијата, бил полицаец а потоа инспектор за борба против дрога

СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција

СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција

ОВА ГО ИМА САМО ВО ЧАИР: Две возила блокирале улица, никој не може да помине

ОВА ГО ИМА САМО ВО ЧАИР: Две возила блокирале улица, никој не може да помине

ЌЕ ИЗГОРИМЕ: Доаѓа пеколно жешко време, еве што велат од УХМР

ЌЕ ИЗГОРИМЕ: Доаѓа пеколно жешко време, еве што велат од УХМР

ДАЛИ ИМАЛО ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ВО СТРУМИЦА? Детето било на мост, непознати лица го кренале во раце, полицијата работи на расветлување на случајот

ДАЛИ ИМАЛО ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ВО СТРУМИЦА? Детето било на мост, непознати лица го кренале во раце, полицијата работи на расветлување на случајот