05 Октомври, 2024
0.0391

ДАЛИ ИМАЛО ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ВО СТРУМИЦА? Детето било на мост, непознати лица го кренале во раце, полицијата работи на расветлување на случајот

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Во Големиот градски парк во Струмица имало обид за киднапирање на тригодишно дете. Веста се прошири и се споделува по социјалните мрежи, а од полицијата вчера за МИА потврдија дека случајот е пријавен и дека работат на негово расчистување.

Имено, според објавите тригодишното дете се обиделе да го киднапираат две лица, кои наводно зборувале странски јазик, но откако еден од родителите успеал да ги спречи во намерата тие побегнале.

Според полицијата, З.Ч.К.(31) од Струмица вчера пријавила дека завчера околу 19:00 часот, додека била во парк во Струмица, заедно со нејзиниот малолетен син, во момент кога син ѝ бил оддалечен од неа, односно додека стоел на дрвен мост, две лица му пришле на малолетникот, па едниот од нив го кренал во раце.

– Според пријавеното, откако пријавителката им викнала, лицето го пуштило малолетникот и му ја ставило капата на главата, која претходно му пaднала, по што заминале. СВР Струмица веднаш презеде мерки за откривање на лицата и расчистување на случајот. Извршен бил увид на местото и било разговарано со сведоци, при што е утврдено дека во моментот на локацијата имало голема раздвиженост на луѓе, а малолетникот стоел на мал дрвен мост каде постоела опасност да падне во вода, а лицето кое го кренало детето од мостот го пуштило на земја непосредно откако се симнале од мостот – стои во известувањето за МИА од СВР Струмица.

Оттаму додаваат дека полицијата продолжува со преземање мерки во насока на утврдување дали во конкретниот случај постојат елементи на кривично дело или лицето тоа го сторило со цел да го заштити детето од можна опасност.




Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи