НЕВРЕМЕТО ВО ГРЦИЈА ПРЕДИЗВИКА ПОЖАРИ ВО ОВИЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА: Забележани се повеќе од 12.000 громови од понеделникот
Објавено во: Балкан 05 Јули, 2024
Во Грција вчера избувнаа неколку мали пожари предизвикани од удари на гром, а особено силно невреме ја погоди Атика, соопшти Противпожарната служба.
Во соопштението се наведува дека поради невреме со грмотевици избувнале неколку мали пожари во северните предградија на Атина и поширокото подрачје на Атика.
Противпожарната служба испрати копнени и воздушни сили во погодените области, објави Катимерини.
Обилни врнежи ја погодија и централна Грција и островот Лезбос.
Од понеделникот има повеќе од 12.000 громови низ Грција.
Инструкции кои мора да ги следат сите
Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС порака поради невремето кое се очекува во текот на денот.
Ова се советите што мора да ги следат грчките жители и туристи:
Избегнувајте преминување на порои и потоци, пеш или со возило, за време на невреме и врнежи, работа и активности на отворено
Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци
Не држете ги вклучените електрични уреди или телефони, бидејќи молњата може да помине низ жиците
Избегнувајте допирање на водоводните цевки (кујна, бања), бидејќи тие се спроводници на струја
Ако сте на отворено за време на бура, држете се подалеку од метални предмети, како што се автомобили, велосипеди или опрема за кампување
Ако некој е во море, веднаш да излезе
Што да направите во случај на појава на град
Заштитете се веднаш
Не го напуштајте безбедното подрачје додека не сте сигурни дека невремето поминало
Градот може да биде многу опасен и за животните
Кому да се обратите за помош во Грција
Ако ви треба помош додека сте во Грција, јавете се на следните телефонски броеви:
Полицијата 100
Пожарникарите 199
Итна помош 166
Национален број за итни случаи 112
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.