Четири години од катастрофалниот земјотрес во Јапонија
Објавено во: Свет 11 Март, 2015 09:54
Земјотресот беше со јачина од 9 степени по Рихтер, но следеше цунами бран во североисточните региони, кој го однесе животот на 18 500 луѓе. Потоа се случи и најтешката нуклеарна несреќа во јапонската историја - онаа со нуклеарната централа „Фукушима-1“.
Јапонија ја одбележува денес четвртата годишнина од земјотресот со јачина од 9 степени по Рихтер, следеше цунами бран во североисточните региони, во кој загинаа 18 500 лица и најтешката нуклеарна несреќа во јапонската историја, пренесоа агенциите и „Франс прес“.
Четвртата годишнина од катастрофа на 11 март 2011 година ќе биде почесена од Јапонците со минута молчење во 14.46 часот, по локално време - во спомен на жртвите, повеќето однесени од водата која надмина 30 метри на некои места по пацифичкиот брег.
Од близу 18 500-те жртви телата на 2600 не беа откриени, потсетува „АФП“.
Кон природната катастрофа - најтешка по Втората светска војна, се придодаде и нуклеарната несреќа во нуклеарната централа „Фукушима-1“, која протера десетици илјади луѓе од нивните домови.
Со катастрофата излегоа од функција системите за снабдување со електрична енергија и ладење на „Фукушима-1“. Ова доведе до топење на нуклеарно гориво, експлозии на водород и радиоактивно загадување на околните области. Во последните години ситуацијата во оштетената нуклеарна централа продолжува и е сложена, иако сите нејзини реактори се во состојба на ладно запирање. Главниот проблем е истекот на високорадиоактивна вода.
Четири години подоцна, поради радиоактивноста или разурнувањата од цунамито, околу 230 000 луѓе се уште живеат далеку од нивните домови - во привремени засолништа, кај блиски пријатели или во болници и санаториуми.
Владата организира денес комеморативна церемонија во Токио, на која ќе присуствуваат јапонскиот император Акихито, премиерот Шинзо Абе и претставници на семејствата на жртвите, пренесуваат агенциите.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




