Добивај вести на Viber
Поради приклучување на паркот на ветерни електрани Богданци во дистрибутивната мрежа за електрична енергија, во петок на 21 март од 05:00 до 07:00 часот наутро без електрична енергија ќе бидат населените места во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци, информираат од ЕВН Македонија.
Трафостаницата Валандово (110/10 kV) од која со електрична енергија се снабдуваат населените места во овие општини ќе биде во безнапонска состојба за да се овозможи приклучување во мрежата на енергетскиот објект „Парк на ветерни електрани Богданци“. По изведувањето на приклучувањето ќе биде воспоставено нормално снабдување со електрична енергија, додаваат од ЕВН Македонија.