Четири трикови за зачувување на свежината на намирниците
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2022 13:31
Во текот на летната сезона секогаш има широк избор на овошје и зеленчук и затоа нашата исхрана во овој период е многу богата. Исто така, ова е идеална можност да направите залиха од витамини и минерали за постудените денови, кога понудата е многу послаба. За вас подготвивме неколку трикови како да ги зачувате летните вкусови и во снежните денови.
Купете локално
Навикнати сме секогаш да имаме сѐ што сакаме во супермаркетите, а среде зима на полиците можеме да најдеме јагоди или домати кои ни доаѓаат од другиот крај на светот. Сепак, препорачливо и поздраво е да се јаде храна која доаѓа од блиску. CrispZone фиоката во Gorenjeфрижидерите е една од најголемите фиоки за овошје и зеленчук на пазарот. Ниската температура и можноста за подесување на нивото на влажност ја продолжува свежината на намирниците.А FreshZone фиоката во Gorenje фрижидерите лесно се трансформира од фиока за риба и месо во фиока за овошје и зеленчук, така што лесно можете да ги чувате сите ваши свежи производи.
Замрзнете
Замрзнувањето на храната има многу придобивки. Главната работа е што можете да уживате во летните плодови дури и во студените снежни денови. Покрај тоа, замрзнувањето е еден од најбезбедните начини за складирање на храната, бидејќи бактериите не можат да се размножуваат на замрзнатата храна, а во исто време се спречува и процесот на гниење. FastFreeze функцијата во Gorenje фрижидерите ја замрзнува храната на -24°C за да ги зачува сите хранливи материи во храната. По приближно 2 дена, функцијата автоматски се исклучува и температурата во замрзнувачот се враќа на претходно поставената температура.

Замрзнатата храна има повеќе витамин Ц
Дали знаевте дека замрзнатото овошје или зеленчук имаат повеќе витамин Ц отколку она кое можеме да купиме на пазар секој ден? Некои истражувања покажаа дека ако го замрзнеме овошјето веднаш по бербата, тоа ќе ги задржи сите негови хранливи материи, додека ако помине ден или два на полиците во продавницата или на кое било друго место, губи многу витамин Ц.
Инвестирајте во квалитетен замрзнувач
Замрзнувачот е вашиот најдобар пријател во овој процес. Со својот капацитет може да обезбеди брзо замрзнување, а волуменот и полиците го олеснуваат сортирањето на храната. Ве советуваме секогаш кога ги пакувате намирниците на нив да го пишувате датумот, за да знаете што прво да консумирате. При изборот на фрижидер и замрзнувач, покрај квалитетот, земете ја предвид и функционалноста и можноста лесно да се одржува.
Кога ќе ги земеме во предвид сите овие трикови, како идеално решение ви ги претставуваме комбинираните фрижидери на Gorenje. Тие се дизајнирани да го зачуваат богатството на вкусови и хранливи материи на која било храна, без оглед на сезоната. Gorenje нуди многу различни модели, но тие имаат едно нешто заедничко - а тоа е да ја одржуваат храната свежа и да ви го олеснат животот!

Обезбедете свежина за Светското првенство
Веќе ги одбројуваме месеците и деновите до најжешкиот спортски настан оваа година - FIFA World Cup Qatar 2022™! Нѐ очекуваат многу тензични натпревари, одлични потези и голови кои ќе останат запаметени, а кога атмосферата ќе се вжешти, Gorenje фрижидерите ќе бидат тука да ве разладат. Свежото сезонско овошје ќе ви бидат на дофат, иако е ноември, ќе се чувствувате како да е свежо набрано од градината. Дополнително, загарантирани се добро изладени пијалоци, а фрижидерите и замрзнувачите кои можат да го обезбедат сето тоа се во продажба по промотивна цена од 20 јуни до 31 јули. За повеќе информации погледнете на Време е за освежување I mk.gorenje.com.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол




