Добивај вести на Viber
Четири Црногорки се борат на страната на Исламска држава, рамо до рамо со другите џихадисти.
Пред повеќе од две години се прошири информацијата дека на Мирза Хаклај му се приклучила и неговата сопруга, Алмина Курпејовиќ. Тогаш јавноста беше запрепастена, а сега е во шок.
Во меѓувреме Мирза загина, но тоа не ја обесхрабри неговата сопруга и таа стана една од истакнатите војници на Исламска држава. Била на клучка позиција во полицијата за морал на жените, и била сурова кон муслиманките кои не ги почитувале шеријатските правила.
Во тој дух ги воспитува и своите деца, кои поминуваат обука во камповите на ИСИС.
Таа одбила да се врати или да ги ослободи девојчињата. Верскиот фантизам „освои“ уште три државјанки на Црна Гора и тоа Керима Емини, Алмедини Рековиќ и Адели Реџепагиќ. Се работи за млади жени кои преку Турција дошле до жариштата на ИСИС, преку своите сопрузи или љубовници.