05 Декември, 2025
0.0322

Четворица струмичани украле 160 вреќи со компири од камион на тетовец

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2025 20:14

Добивај вести на Viber

Четворица струмичани украле 160 вреќи компир од камион сопственост на жител од тетовско. 

Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на К.С. од село Горна Речица, украле 160 вреќи со компир, соопштија попладнево од СВР Струмица.

Од СВР Струмица соопштија дека ги уапсиле Ј.А.(40), М.А.(34) и Р.Д.(31), сите од Струмица.

Во просториите на СВР Струмица бил повикан и И.А.(38) од Струмица, кој исто така се сомничи дека заедно со Ј.А., М.А. и Р.Д. го сториле делото. Со сите лица се извршени службени разговори, истите го признале делото, по што од Ј.А. и М.А. биле одземени 160 вреќи со компир, кои ги одзеле при вршење на кражбата и истите се вратени на сопственикот“, стои во полициското соопштение.

Се додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво