Која е добитната комбинација што на НЛБ Банка и донесе 44 милиони евра профит за девет месеци!!!
Објавено во: Финансии 28 Октомври, 2024
Зголемените нето приходи од камати и од провизии во комбинација со ослободените резервации и донесоа на НЛБ Банка нето добивка за третиот квартал од 17,5 милиони евра и вкупен профит за првите девет месеци вреден 44,2 милиони евра
НЛБ Банка и овој квартал (трет годинава) го потврди својот статус на една од најуспешните деловни банки во земјава. Вкупната добивка за првите девет месеци годинава надмина 44 милиони евра покажуваат официјалните податоци од неревидираниот биланс на успех, документ јавно достапен на следниот линк https://seinet.com.mk/document/70062
НЛБ Банка е голем ривал на „Стопанска банка Скопје“ и на „Комерцијална банка“ и податоците што таа прва ги објави за овој квартал се предизвик за конкуренцијата.
Нето приходите од камати за првите девет месеци изнесуваат 56,6 милиони евра и се повисоки за 20 отсто во споредба со истиот период лани. Во објаснувањето на банката пишува дека овие нето приходи од камати се резултат на зголемените кредитни пласмани претежно за населението, микро, малиот и среден бизнис во комбинација со позитивната конјуктура на финансиските пазари каде банката пласира средства.
Втората најголема приходна ставка годинава книжи раст од 15 отсто во споредба со истиот период лани. Годинава од провизии и надоместоци се инкасирани 18,6 милиони евра.
Кај ставката нето курсни разлики банката има реализација од 4,1 милиони евра што е за 4 отсто помалку од истиот период во 2023 година.
Позитивен е билансот и кај резервациите каде имало значајни ослободувања заради што таа ставка е во позитива од речиси 1,2 милиони евра.
Кај трошоците вреди да се истакне грижата на НЛБ Банка за своите вработени. Годинава досега за нив се издвоени 15,24 милиони евра или 1,1 милиони евра повеќе од лани.
За останати расходи се платени 15,4 милиони евра односно 2,1 милиони евра повеќе од лани.
Се горенаведено сума сумарум дава добивка од 44,18 милиони евра што е за 11 отсто подобро од лани.
Во билансот на состојба вреди да се истакне дека банката заклучно со 30 септември пласирала кредити во вредност од 1,255 милијарди евра и тоа во споредба со крајот на 2023 година е раст од 4 отсто.
Пласманите во државни хартии од вредност се на ниво од 277,4 милиони евра и тоа е за 7,7 отсто повеќе од крајот на декември лани.
Депозитите се на ниво од 1,55 милијарди евра и бележат раст од 2,5 отсто за период од девет месеци.
Како помина летниот (третиот) квартал?
Летото беше најдобар период за НЛБ Банка. Според добивката ова е најуспешен квартал зашто профитот изнесува 17,5 милиони евра што е подобро од просекот на првите два квартали кој изнесува 13,75 милиони евра.
Нето каматата за третиот квартал е 18,78 милиони евра, а нето провизиите се 6,34 милиони евра. Тоа значи дека приходот на НЛБ Банка од двете најважни приходни ставки за три месеци надминал 25 милиони евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.