Чистка во банкарските биланси: Дали новите правила на НБРМ ќе удрат врз профитот?
Објавено во: Финансии 04 Април, 2013
Дали новите правила на Народната Банка, со кои во период од 4 години банките ќе мора да го “отпишат“ заложениот имот од своите биланси ќе ги стопат профитите на банките? Ќе се промени ли сегашната состојба со адекватност на капиталот на банките? Серија дилеми отвори новото решение, кое според гувернерот Димитар Богов треба да ја покаже реалната слика со профитабилноста на банкарскиот сектор.
“Фактор“ побара толкување од банкарите за тоа како и на кој начин ќе се спроведе новата одредба и како таа ќе влијае врз банките.Според банкарите, со ова решение ќе бидат опфатени сите видови на активирани кредитни задолжувања и на граѓаните и на фирмите кои се обезбедени со движен и недвижен имот, автомобили, скапоцености, погони, станови.
При ненавремена отплата на ратите за кредитите, банката овие нефункционелни кредити ги евридентира во своите биланси.
“Додека клиентот неневремено ги плаќа ратите за кредитното задолжување, банката е обврзана да одвојува резервации кои се книжат како трошоци. Овој зголемен трошок пак од друга страна влијае врз намалување на профитот на банката. Но она што е јасно е дека овие спорни побарувања и досега беа целосно евидентирани и влијаеа врз профитабилноста на банките. “ – објаснуваат менаџери од поголемите банкарски групации.
Во оној момент кога банката поради различни причини ќе одлучи да запре со лицитација на запленетиот имот, тогаш го купува самата банка и тој преминува во нејзина сопственост, што пак се книжи како добивка.
Со новите правила на Народната Банка, банкарите не очекуваат промена на позициите со профитабилноста, но тие велат дека очекуваат новите правила да влијаат врз распределбата на профитот, односно добивката. Токму ова и ќе биде клучниот ефект од новата одредба на НБРМ.
“Преку продажбата на имотот, на начинот и динамиката, кои што ги предвидуваат новите одредби на НБРМ, парите од сега нема да се книжат како добивка, туку тие ќе завршуваат на име “капитал“ на банката. Ова значи дека сумите наплатени предку продажба на имот на пример нема да можат да се делат како дивиденда, односно добивка. “ – велат од поголемите банки во земјава.
Доколку банката во период од 4 години не успее да го продаде запленетиот имот, тој останува во сопственост на банката “ – објаснуваат банкарите и додаваат дека имотот што се продава не губи од својата вредност туку се зголемува резервацијата што банката треба да го одвои за него.
Ова значи дека ако се спроведува постапка за наплата на имот од 100 илајди евра,во првата година банката треба да одвои резервација од 20 % од вредноста на имотот. Секоја следна година резервациите се зголемуваат за 20%, и доколку не се продаде имотот во текот четири години, банката ќе биде обврзана во своите биланси трошокот да го зголеми за 100 илјади евра, колку што изнесува проценетата вредност на имото“ – објаснуваат банкарите. Ова би значело дка сметководствено имотот би имал “нула“ вредност, но реално тој имот останува со цена, која банката може да ја упаричи. Народната Банка очекува дека преку новите одредби ќе ги поттикне банките за позабрзана продажба на одземениот имот, а и дека ќе се создаде реална слика за профитабилноста на банките. Значајно е зголемен бројот на активиранби хипотеки Менаџерите потврдуваат дека поради кризата, значајно е зголемен бројот на активирани хипотекарни кредити и други видови на кредити со залог. Во неможност да ги продадат, дел од банките веќе ги откупија недвижностите кои сега се евидентираат како имот на самата банка. Влошената ликвидносна состојба на стопанството и на граѓаните се одрази во финансиската кондиција за навремена отплата на обврските кон банките. Подолг период весниците се преплавени со огласи за продажба на движен и недвижен имот по основ на активирани хипотекарни и други видови на кредити.Според последните податоци на Народната Банка, заклучно со февруари салдото на нефункционални кредити изнесува 415 милиони евра. Само за еден месец од јанураи до февруари, нефункционалните кредити се зголемија за речси 34 милиони евра.
Анета Додевска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.