ЧОВЕЧКАТА ХУМАНОСТ ПРОДОЛЖУВА: Семејство на починат пациент ќе донира бубрези за млади пациенти кои се на дијализа
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2022 18:15
Двајца
млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство
вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во
наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои
се лекуваат на Клиниката за ортопедија.Националниот координатот, д-р Маја Мојсова Мијовска,
болничките координатори, заедно со екипите од Клиниката за
неврохирургија, КАРИЛ, Рендген иститутот, Клиниката за трансфузиологија,
Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за
урологија и ортопедија, викендов успешно ја прават третата по ред
трансплантација од почетокот на годинава, соопшти попладнево Министерството за
здравство.
Оттаму зе забалгодарија на семејството кое и во најтешките моменти на загуба на свој сакан, го продолжува животот на двајца млади луѓе.
-Благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада храбра ќерка чија храброст, хуманост и добрина ни донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти.Уште еднаш големо сочувство за нивната загуба и благодарност за нивната хуманост, се наведува во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




