18 Декември, 2025
0.0418

ЧОВЕКОТ КОЈ БЕШЕ ВАКЦИНИРАН A НЕ ДОБИ РЕШЕНИЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА, СЕПАК СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОВИД - од ЦЈЗ велат, во сила остануваат истите протоколи

Објавено во: Македонија 25 Август, 2021 07:49

Добивај вести на Viber

Човекот кој беше вакциниран, но не доби решение за изолација и покрај тоа што имаше контакт со заразено лице од ковид, бидејќи се такви протоколите во земјава, сепак се заразил со коронавирусот. Дури откако добил симптоми и се тестирал, и откако тестот покажал дека е позитивен, овој граѓанин добил решение за самоизолација од Државниот санитарно-пазарен инспекторат.

Фактор веќе пишуваше за овој случај, отворајќи ја на тој начин темата за тоа какви се протоколите за граѓаните кои се вакцинирани или го прележале коронавирусот, и според кои, овие граѓани во земјава, не треба да одат во изолација.

Како што и објавивме, овој наш граѓанин, иако е вакциниран, откако неговата ќерка со која заедно живеат, добила симптоми и на тестот излегла позитивна, побарал да добие од институциите решение за изолација, со цел да не оди на работа и таму да ги доведе во ризик неговите колеги. Откако му било одговорено дека тоа не е можно сппоред протоколите, самиот одлучил да го користи годишниот одмор, за да не и нанесе штета на компанијата. Тогаш тој и немал симптоми, но се појавиле после неколку дена. Тестот покажал дека е позитивен, и тој граѓанин сега има решение за изолација, но му пропаднале повеќе денови од годишниот одмор. За среќа, неговата здравствена состојба не е толку лоша, односно имал блага температура неколку дена, а сега е значително подобар.

„Мојата ќерка се врати од патување и имаше извесни симптоми, по што направи тестирање и излезе дека е позитивна. Јас побарав решение за самоизолација, но не добив, со образложение дека вакцинирани граѓани не добиваат такво решение, и можат нормално да продолжат да си одат на работа. Мене сепак ми е страв да не ги заразам моите колеги, па од тие причини зедов денови од мојот годишен одмор, за сепак да не одам на работа и да не предизвикам некоја штета за колегите“, изјави тогаш за Фактор овој наш сограѓанин.

По нашиот текст минатата недела, министерот за здравство Венко Филипче беше прашан од новинарите дали и во кои случаеви вакцинираните и прележаните ќе добиваат решенија за изолација. Тој тогаш одговори дека ова прашање ќе се решава индивидуално, а пристапот на епидемиолозите ќе зависи од повеќе фактори.

„Тоа е специфично прашање и индивидуално се решава - врз основа на интензитетот на контактите кои заразените ги имале со лицата околу себе, зависно од тоа дали тие се вакцинирани или не, дали евентуално се направени ПЦР тестови, и од тоа колку време е детектирано дека поминало од последниот контакт со заразениот. Врз основа на тие податоци епидемиолозите анализираат за секој од случаите поединечно. Значи, сега има различни категории, и за сите нив има различен пристап при одредување на тоа дали лицето и колку ќе оди во самоизолација“, изјави тогфаш министерот за здравство Венко Филипче.

Фактор вчера повторно се јави во Центарот за јавно здравје, чии епидемиолози одредуваат кои од лицата кои биле во контактит со заразените ќе оди во изолација, по што ги испраќаат решенијата до ДСЗИ.

Директорот на ЦЈЗ Бесим Зекири вели дека кај нив остануваат исти протоколите, а според кои решение за изолација не добиваат ниту вакцинираните, ниту прележаните.

„Тие протоколи важат секаде во Европа и во светот и ние постапуваме по нив. Нема промени, остануваат истите протоколи, а тоа е дека вакцинираните и прележаните не добиваат решенија за изолација“, изјави вчера Зекири за Фактор.

Тој вели дека некои луѓе сакаат да одат во изолација, а некои, пак, не сакаат, туку преферираат да продолжат со своите работни обврски. Но, нашите институции ќе се раководат според општо прифатените протоколи.

Инаку, и во земјава се повеќе станува јасно дека со ковид се заразуваат и вакцинирани граѓани, иако нивниот процент е многу понизок од невакцинираните.

Според последната статистика на Министерството за здравство, која беше објавена во петокот минатата недела, во периодот од 06 до 19 август годинава, во земјава ковид фатиле 9.881 граѓанин, а од нив 15 отсто биле целосно вакцинирани, односно 1.507 лица. За жал, деветмина од нив ја изгубиле битката со ова тешко заболување.

Од ЦЈЗ објаснија и дека сите позитивни граѓани со симптоми добиваат решенија за изолација од 20 дена, додека, пак, позитивните без симптоми треба да бидат изолирани во траење од 10 дена.

Додека, пак, невакцинираните граѓани кои биле во контакт со заразено лице, добиваат решенија за изолација во траење од 14 дена.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери