Чулев: Ќе има дисциплински постапки за полицајците кај продавницата во Чаир
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2020
Наќе Чулев, министерот за внатрешпни работи, на денешната прес-конференција рече дека ќе има дисциплински постапки за полицајците од контролниот пункт во Чаир кои телевизиската камера на Телма ги забележа како ладнокрвно пропуштаат граѓани да купуваат во локална продавница за време на викенд-карантинот.
- Во однос на работењето на правните субјекти, како колонијалите, тоа не е надлежност на полицијата, тоа е надлежност на Државниот пазарен инспекторат. Додека за полициските службеници ќе биде покрената дисциплинска постапка поради луѓето кои ги пропуштиле да купуваат, рече Чулев.
За време на викенд-карантинот на териртоија на Чаир утврдени се 53 прекршувања и непочитувања на забраната на движење. Министерот сепак вели дека не е во негова надлежност колку полицајци и каде ќе се распоредат.
- Немам ингеренции да ја организирам нивната работа, туку како министер само ја оценувам селективноста на законското работење.. Не можам да кажам кој службеник и колку службеници каде да одат, за тоа се прави проценка и се изготвуваат планови во оперативен штаб кај директорот за јавна безбедност, рече претходно Чулев.
Упати апел до јавноста, како што вели тој, да не подлегнува на провокациите кои ги пушта владеачката партија.
- Тие се грижат само за сопствениот рејтинг, а не за здравјето на граѓаните, додаде тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.