Добивај вести на Viber
Експертите од Земјоделскиот факултет во Нови Сад ги предупредија граѓаните да бидат внимателни кога купуваат сомнителни растенија за кои се вели дека се аронија. До одделот за хортикултура и овоштарство на Универзитетот последните месеци се обратиле луѓе од различни делови на Србија , со цел да ги идентификуваат овошните плодови кои и купиле како аронија, се вели во соопштението на Земјоделскиот факултет.
„Во сите овие случаи , експертите утврдиле дека плодовите и растенијате , се идентификувани како „кокошкино грозје„ ( Solanum nigrum) , чии плодови и целата билка, се токсични , " предупредуваат во соопштението, објави Б 92.
Аронијата е грмушка а нејзините плодови се со темно сина до црна боја , но како што објаснуваат на Факултетот за земјоделство, плодовите не се бобинки, туку коштунки како тие на глогот . Аронијата зрее на крајот на август и почетокот на септември, а плодовите имаат благо збрчкана површина .
За разлика од аронијата, „грозјето“ е вид плевел, кое има плод со има темно сина до црна боја во вид на бобинки кои се сјајни и со непријатен мирис кога ќе узреат.
Според експертите од Факултет за земјоделски науки, граѓаните мора да обрнат внимание на плодовите и растенијата кои ги купуваат од пазарите.