ЦИКЛОНОТ: ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ И МАКЕДОНИЈА - најнова прогноза на Славчо Попоски
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2024 11:15
Славчо Попоски излезе со најнова прогноза.
Во склоп со длабокиот циклонски систем кој е со центар над северозападна Европа, во следните часови, најпрвин во западните, а потоа и во останатите предели од Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде, особено во јужните предели и со умерен интензитет. Ветерот од јужен правец и понатаму ќе го има, но ќе биде со послаб интензитет и ќе го менува својот правец во југоисточен.
За време на овој влажен бран, локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар крадратен, особено во јужните предели.
Послаби врнежи од дожд ќе има и во Скопје и околината.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат натпросечно високи за овој период од годината и на повеќе места ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминат и 15 степени.
Натпросечното топло време ќе остане и во текот на следната седмица, но детална метео анализа за следната седмица следува во следните прогнози.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




