18 Декември, 2025
0.0840

„Cisco“ крати 14 000 вработени во целиот свет

Објавено во: Мои пари 17 Август, 2016 19:54

Добивај вести на Viber

Најголемиот производител на мрежна опрема Cisco Systems планира да скрати најмалку 14 илјади вработени во целиот свет, пишува CRN, повикувајќи се на различни извори блиски до компанијата. Според информациите Cisco ќе ја објави програмата за кратенки во следните неколку недели. Од компанијата одбиле да ги коментираат информациите.

Од април 2016 година во Cisco работат околу 73 100 вработени. 14 000 работници кои претставуваат 20% од персоналот на фирмата во целиот свет. Ова ќе биде најголемото намалување на работници во 32-годишната историја на компанијата.

Последните масовни отпуштања во компанијата беа во август 2014 година, кога беа отпуштени 6.000 работници. Мерката беше дел од поголем план за реструктуирање на Cisco во врска со неодамнешниот пад на корпоративните профити.

Седиштето на Cisco е во главниот град на Силиконската долина Сан Хозе. Оттаму се очекува во текот на следните неколку недели да биде прогласена веста за масовните отпуштања, бидејќи многу пакети за предвремено пензионирање веќе биле понудени на вработените, објавија изворите. Cisco треба да го објави четвртиот резултат за фискалниот квартал до денови.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка