06 Декември, 2025
0.0289

Цитати кои најдобро ги опишуваат парите и колку тие се „важни“: „Постојат луѓе кои имаат пари и постојат луѓе кои се богати“

Објавено во: Финансии 25 Мај, 2017 14:58

Добивај вести на Viber

Парите се една од најтешките работи за балансирање (или акумулирање) кога сте претприемач или сопственик на мал бизнис. Додека од една страна ви требаат пари за да го одржите претприемачкиот сон жив, од друга, не може да си дозволите да станете консумирани од страна на нив. Премногу луѓе го губат видот за она за кое тие се страстни во услови на тековни напори за градење на парично богатство. За да добиете подобро разбирање на парите, овде се изнесени 25 цитати кои ја покриваат речиси секоја голема идеја која нив ги опкружува. Без разлика дали станува збор за инвестирање или за невлегување во бизнис строго поради исплата, следниве цитати се дефинитивно такви според кои треба да се живее.

Нивна заработка.

1. "Иновацијата нема никаква врска со тоа колку многу R&D долари имате. Кога Apple излезе со Mac, IBM трошеше најмалку 100 пати повеќе пари за истражување и развој. Не е до парите. Туку до луѓето што ги имате, како сте водени и колку разбирате." - Стив Џобс, ко-основач и извршен директор на Apple.

2. "Мислам, никој не сака да не успее, но најлошото нешто е што ги изгубив парите на моите инвеститори, а тие беа луѓе кои веруваа во овој млад човек кој беше страстен во врска со оваа идеја... [Кога нема да успеете,] ќе почнете да се сомневате, дали моите идеи се навистина добри? " - Ник Вудман, основач на GoPro.

3. "Формалното образование ќе ви заработи за живот; самообразованието ќе ви направи богатство." - Џим Рон, претприемач, автор и мотивациски говорник.

4. "Вие имате само толку многу часови во еден ден, оставете ги другите да прават пари за вас!" - Ник Хаси, основач на Loot.

5. "Колку подолго не преземате акција толку повеќе пари губите." - Кери Вилкерсон, автор, говорник и охрабрувач.

6. "Очекувајте го најдоброто. Подгответе се за најлошото. Капитализирајте на она што доаѓа." - Зиг Зиглар, автор, продавач и мотивациски говорник.

7. "Можноста е пропуштена од страна на повеќето луѓе, бидејќи е облечена во комбинезони и изгледа како работа." - Томас Едисон, пронаоѓач и бизнисмен.

8. "Мојата формулата за успех е станете рано, работете доцна и удрете нафта." - ЈП Гети, основач на Getty Oil Company.

Нивно задржување.

9. "Премногу луѓе трошат пари кои тие не ги заработиле, да купат нешто што не го сакаат, да импресионираат луѓе кои не им се допаѓаат." - Вил Роџерс, актер и социјален коментатор.

10. "Никогаш не ги трошете вашите пари пред да ги имате." - Томас Џеферсон, основач на САД.

11. "Правило бр. 1: Никогаш не губи пари. Правило бр. 2: Никогаш не го заборавај правилото бр. 1." - Ворен Бафет, бизнис магнат, инвеститор и филантроп.

12. "Парите се мултиплицирани во практична вредност во зависност од тоа колку од следниве нешта ги контролирате во вашиот живот: што правите, кога го правите, каде го правите и со кого го правите." - Тимоти Ферис, автор на The 4-Hour Workweek.

13. "Не дозволувајте парите да го водат вашиот живот, дозволете им на парите да ви помогнат да го водите вашиот живот подобро." - Џон Рамптон, извршен директор на Due.

14. "Пазете се од мали трошоци; мало протекување ќе потоне голем брод." - Бенџамин Френклин, пронаоѓач и дипломат.

Што е поважно од нив.

15. "Ако парите се вашата надеж за независност никогаш нема да ја имате. Единствената вистинска безбедност што еден човек може да ја има во овој свет е резерва на знаење, искуство и способност." - Хенри Форд, основач на Ford Motor Company.

16. "Среќата не е во самото поседување на пари; таа лежи во радоста на постигнувањето, во возбудата на креативната работа." - Франклин Рузвелт, претседател на САД.

17. "Сите сакаат да се возат со вас во лимузина, но она што го сакате е некој кој ќе фати автобус со вас кога лимузината ќе се расипе." - Опра Винфри, медиумски сопственик.

18. "Мудриот човек треба да има пари во својата глава, но не и во своето срце." - Џонатан Свифт, автор на Гуливеровите патувања.

19. "Добро да се има пари и она што парите можат да го купат, но добро е, исто така, да се провери од време на време и да се осигурате дека не сте ги изгубиле нештата што парите не можат да ги купат". - Џорџ Хорас Лоример, новинар и автор.

20. "Луѓето бркаат готовина, а не среќа. Кога бркате пари, ќе изгубите. Едноставно ќе изгубите. Дури и ако ги фатите парите, вие нема да бидете среќни." - Гери Вејнерчак, основач VaynerMedia.

21. "Парите, како и емоциите, се нешто што мора да го контролирате за да го задржите вашиот живот на вистинскиот пат." - Наташа Мунсон, автор, инспиративен говорник и извршен директор на Be Magic, Inc.

22. "За успешен претприемач може да значи екстремно богатство. Но, со екстремно богатство доаѓа и екстремна одговорност. А одговорноста за мене е да се инвестира во креирање на нови бизниси, креирање на нови работни места, вработување на луѓе и да се стават пари на страна за да се справиме со проблеми каде што можеме да направиме разлика." - Ричард Бренсон, основач на Virgin Group.

23. "Не мислете дека парите прават сè или ќе завршите правејќи се за пари." - Волтер, лидер од ерата на просветлувањето (age of enlightenment).

24. "Пред да зборувате, слушајте. Пред да напишете, мислете. Пред да троште, заработете. Пред да инвестирате, истражете. Пред да критикувате, почекајте. Пред да се молите, простете. Пред да се откажете, обидете се. Пред да се пензионирате, штедете . Пред да умрете, дадете." - Вилијам Артур Вард, автор на Фонтани на Вербата.

25. "Постојат луѓе кои имаат пари и постојат луѓе кои се богати." - Коко Шанел, моден дизајнер.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката