ЦИВИЛ бара одговорност и анализа на работењето на ДИК
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2017 19:26
Од ЦИВИЛ Центар за слобода тврдат дека Државната изборна комисија(ДИК) не се одѕвала на укажувањата на изборните нерегуларности кои им ги упатила невладината организација.
Од ЦИВИЛ бараат одговорност за кршењето на законите.
„Голем број гласачи не можеа да го искористат своето гласачко право поради партизираноста и неспособноста на институциите, првенствено на ДИК. Најмалку што треба да направат сега членовите на ДИК е да ги стават своите мандати на располагање“ - вели Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
Од ЦИВИЛ велат дека мора да се спроведе итна анализа за работењето на Државната изборна комисија и Комисијата да претрпи реформи.
За време на изборите на 11 декември ЦИВИЛ регистрирал повеќе од 30 случаи на злоупотреба на огнено оружје во славење, закани и говор на омраза.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




