19 Декември, 2025
0.0473

Цивил со осуда за нападот врз новинар на ТВ 24 - Некогаш тенковско некогаш тенко обезбедување

Објавено во: Македонија 11 Март, 2017 08:20

Добивај вести на Viber

Цивил – Центар за слобода најостро го осудува физичкиот напад врз новинарот на ТВ 24 во текот на денешните протести. 
 
„Ова не е изолиран инцидент и станува очигледно дека насилството е дел од имиџот на протестите од самиот почеток. Се тепаат новинари кои ја вршат својата работа, да ја информираат јавноста за настаните. Се напаѓаат активисти за човекови права и јавни личности. Тоа е неприфатливо и мора веднаш да престане!

Цивил го повторува својот повик до МВР, веднаш да преземе итни мерки да го спречи насилството врз медиумските работници и воопшто. Насилниците мора да се соочат со полната сила на законот!

Со сета почит и разбирање кон правото и слободата на протестирање, ги повикуваме учесниците во протестите, да ја согледаат реалноста во земјата и да не подлегнуваат на манипулации и насилнички сценарија чија единствена цел е јасна.

Уште еднаш го потсетуваме МВР на деновите кога истураше тешко вооружени оклопни полициски грамади врз демонстрантите кои навистина мирно протестираа и бараа слобода, правда и демократија. Обезбедувањето на протестите на кои им претходеа отворени повици на насилство е прилично скудно овие денови.

Некогаш тенковско, некогаш тенко обезбедување… Со која цел? Го потсетуваме Министерот за внатрешни работи дека отсуството на прописна законска реакција е рамно на соучесништво, ако не и поттикнување на насилство, за што ќе мора да одговара еден ден.

Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани кои трпат притисоци да учествуваат во било какви политички активности против својата волја, случајот да го пријават во ЦИВИЛ на monitor@civil.mk, на тел. 02 / 520 91 76 или на ФБ профилот на организацијата“, велат од Цивил.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината