CNN – МЕЛАНИЈА ТРАМП НЕМА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ ВО БЕЛАТА КУЌА? Ќе живее на релација Њујорк-Палм Бич, Флорида
Објавено во: Свет 13 Ноември, 2024
Меланија Трамп најверојатно нема да се пресели во Белата куќа како прва дама, јавува денес Си-Ен-Ен повикувајќи се на повеќе извори, наведувајќи дека една од нејзините први одлуки е да ја прескокне традиционалната, симболична средба со актуелната прва дама, Џил Бајден.
Актуелните и идните американски претседатели Џозеф Бајден и Доналд Трамп ќе разговараат во Овалната соба, но Џил Бајден нема да може да биде домаќин на Меланија Трамп.
Членовите на тимот на Трамп јасно и ставија до знаење дека и е важно да оди во Белата куќа, но идната прва дама на социјалната мрежа Икс изјави дека нема да присуствува на состанокот.
Меланија Трамп неодамна во интервју за Фокс њуз изјави дека не е загрижена повторно да живее во Белата куќа, бидејќи сега има повеќе искуство и знаење.
Кога ќе влезете, точно знаете што да очекувате, рече таа.
Се очекува првата дама во следните четири години поголемиот дел од времето да не го поминува во Белата куќа, туку меѓу Њујорк и Палм Бич, Флорида, пренесува Си-Ен-Ен, која, како што пренесува медиумот, секогаш ќе биде присутна на големите настани и ќе има свои приоритети како прва дама.
фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.