Coincasa и @Home внесоа празнична магија во Интернатот „Гоце Делчев“
Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2014 12:27
„Благодарение на Coincasa и @Home, нашите ученици оваа година ќе ја почувствуваат убавината на празниците на посебен и поразличен начин. Компаниите успеаја да го претворат дневниот престој на Интернатот во топло катче, исполнето со прекрасни празнични декорации и уште поубава Божиќна елка, а веселата атмосферата што ја внесоа во нашето училиште ја зголеми веќе позитивната еуфорија. Секаква помош за нас е добредојдена, но ваквата донација ги надмина нашите очекувања и им овозможи на децата да уживаат во претстојните празници во амбиент исполнет со многу љубов и среќа“, изјави Силвана Терзиева, директорка на Интернатот „Гоце Делчев“.
Вработените од Coincasa и @Home, поминаа ден со учениците и заедно го декорираа дневниот престој, ја китеа елката и им подаруваа Новогодишни и Божиќни подароци.
„Како општествено одговорни компании, среќата и желбите на децата од овој Интернат се еден нашите приоритет. Им овозможивме соба со изглед на вистински дом уреден во духот на Новогодишните празници. Се надеваме дека нашиот скромен придонес ќе им донесе многу убави моменти во годината што следи, што впрочем е и целта и убавината на празниците, да се сподели радоста со оние на кои им е најпотребна, како и да се покаже грижата кон нив“, изјави Марина Димитровска, бренд менаџер на Coincasa и @Home.
Преку оваа донација, компаниите заокружуваат уште една година посветена кон грижа и заложби за општеството во кое функционираат.Во моментов во Интернатот се згрижени осум деца на возраст од шест до шеснаесет години. Сите тие потекнуваат од дисфункционални и социјално загрозени семејства, така што секој гест на грижа и внимание за нив предизвикува дополнителна мотивација за успешна социјална инклузија.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




