19 Декември, 2025
0.0363

COOL припејд понуда од Т-Мобиле!

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2013 09:04

Добивај вести на Viber

Раководството на компанијата информираше дека понудата е создадена според комуникациските потреби на младите. Содржи неограничени разговори, СМС кон сите мрежи и неограничен интернет, како и бонуси по избор на корисникот, што е ново во понудата на компанијата и на пазарот. Вклучени се и паметни телефони  и бесплатно онлајн радио.

Цената  по минута разговор, за СМС  и за еден мегабајт  изнесува 2,9 денари, а корисникот во текот на еден месец треба да надополни најмалку 100 денари на сметката. По секое надополнување на ваучер корисниците имаат можност да изберат бонус  за разговори, за СМС или за интернет, со најавување на веб страницата www.t-mobile.mk.cool .

Дополнително може да активираат  една од деветте кул опции, како неограничени разговори, интернет. Со понудата е овозможено и бесплатно он-лајн радио Teen, кое истовремено е достапно преку апликација специјално развиена за оваа намена за Андроид телефони. Заедно со новата понуда Т-Мобиле лансира и  нова понуда на паметни телефони.

Според главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија Жарко Луковски, понудата COOL  ја доближува новата технологија до младите преку одличните цени за паметни телефони, дава слобода на избор на бонусот, нови опции за неограничени разговори, СМС и интернет, нуди одлично бесплатно  Teen радио и им овозможува да ја изразат својата креативност.

- Со оваа понуда правиме нова содржина во начинот на користење на мобилните услуги и нивно приближување на младата популација бидејќи тоа е она што го движи светот и иновациите понатаму, рече Луковски.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка