Добивај вести на Viber
Како сцена од холивудски филм изгледа видеото кое го објави чешката полиција трагајќи по непозната жена, која на Саем за скапоцени камења во Прага, украла дијаманти вредни од 20.000 евра.
- Исчезнаа вкупно 71 дијамант - потврди портпаролот на полицијата Томаш Хулан, според кого младата жена два пати се доближила до тезгата на која биле скапоценостите и првиот пат ја доближила касетата со накитот, а вториот пат ја земала со себе.
Објавувајќи ја нејзината фотографија, полицијата побара помош од граѓаните. Жената е висока околу 165 сантиметри и има приближно 35 години.