Црна Гора е лидер со активни случаи на коронавирус
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 15 Јули, 2020
Црна Гора е прва во регионот по бројот на активни случаи на коронавирусот.
Откако црногорскиот Институт за јавно здравје вчера ги внесе резултатите од 2.000 тестови во системот, кои претходно беа испратени во Германија за анализа поради малиот капацитет на лабораториите во земјата, Црна Гора од „корона-фри“ стана државата со најмногу активни случаи, пренесува Хина.
Тие резултати покажаа дека 475 од 2.000 анализирани тестови во Германија биле позитивни на коронавирус, а кога се додадени 66 позитивни случаи потврдени во црногорските лаборатории, добиени се вкупно 1.453 активни случаи или 231 активен случај на 100.000 население.
Црногорските медиуми објавија дека во Македонија има 167 случаи на 100.000 жители, 109 во БиХ, 66 во Србија, 52 во Албанија, 28 во Хрватска и 13 на 100 илјади во Словенија.
Претходно, Црна Гора прогласи крајот на епидемијата и ги отвори своите граници.
Вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот е 26.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.