Добивај вести на Viber
Руската ВТВ и унгарската ОТП банка ја информираа Владата на Црна Гора за активирање на гаранциите во износ од 102 милиони евра, кои државата ги дала за кредитите на Комбинатот за алуминиум во Подгорица (КАП), потврди Министерството за финансии на Црна Гора.
Државниот буџет може на 16 јули, кога судот одлучува за стечајот на КАП, да остане без пари кои автоматски ќе ги повлечат руската ВТВ(60 милиони) и унгарската ОТП банка (над 40 милиони евра).
Поголемиот износ кој Комбинатот не го вратил унгарската ОТП банка веќе доспеал за наплата, а ратите за руската ВТВ доспеваат во 2014 година.
Од Министерството за финансии на Црна Гора велат дека тие нема веднаш од буџетот да платат 102 милиони евра , но во текот на следните неколку дена ќе треба да се утврди начинот на нивното плаќање. Тие проценуваат дека може да се постигне договор со руската ВТВ и унгарската ОТП банка.