16 Декември, 2025
0.0518

Црна Гора лобира за покана за членство во НАТО, а Македонија?

Објавено во: Балкан 09 Април, 2014 11:30

Добивај вести на Viber

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ е во посета на САД, каде што лобира Црна Гора да добие покана за членство во НАТО на претстојниот самит на Алијансата во Велика Британија. Ѓукановиќ се сретна со американскиот потпретседател Џо Бајден и најави дека неговата земја очекува покана на самитот во септември. „Некој ќе рече дека премногу амбициозно сме ја поставиле нашата цел, во 2006 година тргнавме на патот на соработка преку Партнерството за мир, ја завршуваме четвртата годишна национална програма во рамката МАП, а во изминатите неколку години вредно работевме на приоритетите на кои инсистираа партнерите од НАТО“, додаде Ѓукановиќ. Главните приоритети на кои Црна Гора мора да работи, покрај борбата со криминалот, се поддршката на јавноста за членство во НАТО, која е само околу 46 проценти, како и реформата на безбедносниот систем, за да се загарантира дека како НАТО членка, Црна Гора безбедно ќе ги чува воените тајни на алијансата и нема да ги споделува со Русија. Ѓукановиќ истовремено повика и на решавање на спорот околу името за да може и Македонија да ù се приклучи на Алијансата. „Сакам да обрнам внимание на Македонија, која веќе долго е целосно блокирана во процесот на евро-атланската интеграција. Се сеќавате дека беше најавена нејзина интеграција во НАТО во 2008 година во Букурешт, но поради спорот со Грција тоа изостана. Впечатокот денес е дека Македонија не е поблиску до НАТО во однос на 2008 година, дури можам да кажам дека е и подалеку отколку што беше. Тоа не е наивно прашање, не е прашање само на националната стабилност, туку е прашање на регионалната стабилност, и затоа сметам дека е многу важно да вложиме дополнителни напори за да го продолжиме процесот на евроатланска интеграција на Македонија“, изјави црногорскиот премиер. Според него, кризата во Украина треба да ги разбуди Европа и САД со порака дека мора да ги завршат процесите на интеграција на Балканот во евроатлантските структури. И додека Црна Гора ги започна активностите за лобирање во пресрет на септемврискиот НАТО самит, Македонија сеуште е окупирана со изборни активности.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени