Црна Гора: По 42 дена, повторно се јави коронавирусот
Објавено во: Балкан 14 Јуни, 2020
Во денешната анализа на Институтот за јавно здравје на Црна Гора (IJZCG), еден од примероците беше позитивен за коронавирус. По 42 последователни дена откако сите тестирани лица биле негативни, Црногорскиот институт за јавно здравје денеска потврди нов случај на зараза со коронавирус.
„Ова е увезен случај што беше во БиХ минатата недела и кој, од превентивни причини и на свое инсистирање, беше во самоизолација каде што се наоѓа во моментов“, посочи институтот.
Тие исто така рекоа дека епидемиолошкото истражување е во тек и првичните податоци говорат дека бројот на контакти е минимален.
„Лабораториите на Институтот за јавно здравје извршија 128 анализи за новиот коронавирус во текот на викендот“, велат од таму