Црна Гора затвора два града поради коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 15 Февруари, 2021
Црна Гора затвора два града за да го спречи ширењето на коронавирусот.
Од денеска жителите на градовите Будва и Тиват, поради коронавирусот, се соочуваат со нова мерка. Нив им се забранува да ги напуштаат териториите на тие општини, објави Министерството за здравство на Црна Гора. Во овие градови угостителите се должни да служат оброци во собите на гостите што престојуваат во хотелот. Одлуката е донесена на предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора поради влошената епидемиолошка состојба предизвикана од коронавирусот. Забраната не се однесува на извршување редовни работни задачи врз основа на потврда на работодавецот, но исто така и на обезбедување здравствена заштита врз основа на медицинска документација.
Црна Гора го врати полицискиот час. Таа е најлоша во Европа по бројот на заразени. Иако станува збор за мала земја, деновиве имаа повеќе од 500 заразени за 24 часа.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.