17 Декември, 2025
0.0781

Црни денови за црната металугрија: Нарачките и цените во слободен пад!!!

Објавено во: Економија 12 Август, 2013 08:02

Добивај вести на Viber

Црни прогнози за металуршкиот бизнис. Кризата од првата половина на годината ќе се прелее и во второто економско полугодие. Цените на металите ќе се намалуваат дури и во 2014 та година. Народната Банка прогнозира натамошен пад на цените на бакарот и никелот, компаниите од тешката индустрија едвај преживуваат. “Планиравме да ги затвориме погоните во текот на август, но добивме нарачка од Шпанија и од Германија по што го отворивме погонот на Челичарница а сега ќе почне со работа и Валавница. Оваа нарачка е „кампањска“. Генерално, нарачките од странство се во количини што не обезбедуваат издржано производство во континуитет “, вели за “Фактор“ Митко Кочовски од компанијата Макстил. Според најновите, јулски проекции на НБРМ, нарачките и цените во овој бизнис и натаму ќе се намалуваат како резултат на загриженоста околу слабеењето на кинеската економија како и потенцијалното намалување на инвестициите во недвижности. “Новата проценка вклучува  позначителен пад на цените на бакарот и никелот во вториот квартал од 2013 година во споредба со претходната проекција. Надолна ревизија на цените на овие метали е извршена и за втората половина од годината.“ – пишува во Извештајот на НБМ и се додава : “Во 2014 година исто така е извршена надолна ревизија на проекциите, при што сега се очекува умерен пад на цените на никелот и бакарот, наместо оценките за раст во претходната проекција.“ – прогнозира Народната Банка. Менаџерите на компаниите потврдуваат дека цените веќе го достигнале дното. “Цените не се тргнати нагоре подолг период, тие веќе го достугнаа дното. Состојбата е тешка и во регионот. Во Грција се затвори челичара, исто и во Романија. Во челичарницата во соседна Бугарија работи само линијата за производство на бетон. Затоа, ние како бизнис-сектор до Владата доставивме пакет-предлог мерки. Беа прифатени неколку, но остануваат отворени прашањата за цената на струјата и за воведување на еколошките дозволи. Според моите последни сознанија, од Владата возвратија дека барањата се разгледуваат на техничко-експертско ниво“ – вели Кочовски од Макстил. Владини претставници изјавија дека ќе се дозволи пролонгирање на еколошките дозволи како мерка која треба да им помогне на компаниите во време на криза. Овој сектор тврдеше дека станува збор за инвестициски зафат кој е невозможен во време кога бизнисот се соочува со ликвидносни проблеми. Според Законот за заштита на животната средина, новите еколошки правила стапуваат на сила во 2014 та година. Бизнисмените очекуваат официјална владина потврда дали тајмингот ќе биде одложен. Во меѓувреме, во јавноста се отвори дебата за тоа дали Македонија треба да го одложи овој процес, утврден според европски стандарди и во интерес на заштита на граѓаните и животната средина.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас