Црногорската Митрополија сака да се бави со хотелиерство?!
Објавено во: Балкан 08 Јули, 2013
Црногорско - приморската Митрополија поднела барање до општина Будва за вцртување хотел и три повеќе катни станбено – деловни згради на три атрактивни локации во градот.
Црногорските медиуми пишуваат дека на големиот земјишен комплекс, чиј сопственик е црквата Света Петка, има неколку парцели кои се единствени слободни во тој дел на Будва.
Според постојниот план, тука требало да се изградат две еднокатни згради, но Митрополијата, со официјално барање, побара зголемување на три ката и објектите да се дефинираат како хотелски.
Митрополијата која важи за најголем земјопоседник во Будва, и веќе поседува еден хотел и две згради.
Општина Будва секогаш излегувала во пресрет на барања на Митрополијата и ги одобрувала нејзините барања.