Добивај вести на Viber
Годинава Црна Гора ќе ја посетат 1,5 милиони туристи и ќе бидат реализирани околу 10 милиони ноќевања. Вакви се проценките на црногорската Влада кои ги пренесува весникот Победа. Така според црногорскиот министер за туризам Бранимир Гвозденовиќ, прогнозата е направена врз основа на пополнетоста на хотелите во предсезоната, но и направените резервирвации за туристички аранжмани летово.
Претходно аеродоромите во Подгорица и Тиват склучија договори за давање аеродромски услуги на 18 авиокомпании.
Црна Гора има воспоставено редовен сообраќај на 14 линии, а за 40 дестинациино ќе има чартер летови.