04 Јануари, 2025
0.0246

„ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА Е ПОМИНАТА“: Новогодишната ноќ во Германија како „граѓанска војна“, се бара промена на законите

Објавено во: Свет 02 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

По нападот на полицијата и итната помош на новогодишната ноќ, во Германија се разговара за политичките последици. Сојузниот министер за внатрешни работи и многу политичари бараат построги казни.

„Во огромното мнозинство на места во Германија, новата година започна мирно и радосно“, вака сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фесер ја сумираше новогодишната ноќ. Истовремено, политичарот од СПД ги осуди сите кои со употреба на пиротехнички средства ги попречувале акциите на полицијата, пожарникарите и итните служби на терен. Сторителите мора да бидат казнети со целосна сила на законот, додаде Фезер.

„Ситуации слични на граѓанска војна“

Во меѓувреме се засили политичката дебата за последиците од инцидентите за време на новогодишната ноќ. Шефот на баварската полиција Јоаким Херман јавно зборуваше за „ситуации слични на граѓанска војна“. Тој се осврна на настаните во Берлин и во тој контекст рече: „Ако луѓето се сериозно повредени, ако цела станбена зграда повеќе не е употреблива поради употреба на експлозивни направи, тогаш црвената линија е помината“.

Заменик-претседателот на пратеничката група на СПД во Бундестагот, Дирк Визе за весникот „Велт“ изјави дека е крајно време законски да се зајакне заштитата на спасувачките тимови. Според Визе, поранешниот сојузен министер за правда, Марко Бушман од Либералната партија (ФДП), не ги презел неопходните чекори во овој поглед. Тој побара од демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) „да ја прекинат политиката на блокада по ова прашање и да го поддржат нацрт-законот насочен кон подобра заштита на спасувачките тимови“.

Синдикатот на полицајци е незадоволен

Синдикатот на полициски службеници (БДП) е загрижен поради фактот што „потребен е се повеќе персонал за заштита на јавноста и членовите на спасувачките служби“. Претседателот на тој синдикат, Јохен Копелке, забележува дека се исцрпени сите кадровски и правни можности за ова прашање. Напади врз полицајци или пожарникари беа пријавени во Берлин, Минхен, Келн, Лајпциг и Хамбург, меѓу другите.

Во Берлин, според градските власти и полицијата, за време на новогодишната ноќ се повредени 37 полицајци и еден припадник на противпожарната служба. Еден полицаец е тешко ранет, а се претпоставува дека повредите ги добил при експлозија на нелегално пиротехничко средство.

Во Лајпциг околу 50 лица нападнале полицајци со пиротехнички средства и шишиња. Во Минхен неколку стотици луѓе дивееле на новогодишната ноќ, меѓу другото, нападнале и полицајци. Портпаролката на полицијата изјави дека се работи за околу 200 до 300 лица од левичарскиот спектар.

Германскиот Црвен крст апелира граѓаните да се сензибилизираат по ова прашање. „Мора да се подигне свеста за фактот дека членовите на спасувачките тимови даваат важен социјален придонес за секој поединец, тоа е придонес што спасува животи“, изјави претседателката на Црвениот крст Герда Хаселфелт за медиумската група „Функе“.

Пет мртви луѓе

И првиот човек на полицискиот синдикат Копелка го коментираше трагичниот исход од новогодишната ноќ. Пет лица загинаа при употреба на пиротехнички средства. Тој рече дека тоа е „страшен биланс за првиот ден од новата година“. Бројните повредени луѓе, како и видеата на социјалните мрежи, покажуваат дека на многу луѓе веќе не им е доволен нормалниот огномет, рече Копелке: „За нив мора да има се поголема експлозивна моќ, поголеми експлозии, многу оган. "


Поради употреба на нелегални пиротехнички средства, односно производи кои се користат за професионален огномет и кои не беа во продажба во изминатите неколку дена, пред се во Берлин е причинета голема штета. Според пожарникарите, многу фасади биле сериозно оштетени во големата детонација во областа Шенеберг, а пукнало и стаклото на прозорците. Луѓето мораа привремено да се иселат од 36 апартмани, а две лица се пренесени во болница, потврди портпаролот на берлинската противпожарна служба. За последиците што ги остави употребата на очигледно нелегален огномет на теренот, рече дека тоа личело на „бојно поле“.

„Не можам да го поднесам тоа мачо однесување“

Јохен Копелке од Синдикатот на полициски службеници посебно се осврна на однесувањето на младите мажи во населбите кои се познати како социјални жаришта, односно на фактот дека таму повторно биле нападнати припадници на полицијата и спасувачките екипи. Не можам повеќе да го поднесам тоа мачо однесување на улиците и на социјалните мрежи“, рече Копелке.

Тој бара брзи последици за напаѓачите: „Во Лајпциг, Минхен, Келн и Хамбург бевме цел и повредени. Мора да има брзи и опипливи последици за напаѓачите, а мора да има и последици за членовите на левичарската екстремистичка сцена“.

Извор: Дојче веле

Можеби ќе ве интересира

СИ ЗАМИНА НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ - почина Јапонката Томико Итока во 116 година од животот

СИ ЗАМИНА НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ - почина Јапонката Томико Итока во 116 година од животот

ТРАМП ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО БЕЛАТА КУЌА КАКО ОСУДЕНИК, НО ЌЕ БИДЕ СЛОБОДЕН - еве што вели судијата пред изрекувањето на казната на 10 јануари

ТРАМП ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО БЕЛАТА КУЌА КАКО ОСУДЕНИК, НО ЌЕ БИДЕ СЛОБОДЕН - еве што вели судијата пред изрекувањето на казната на 10 јануари

ИЛОН МАСК ДОБИ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ГЕРМАНСКИОТ ВИЦЕКАНЦЕЛАР: Рацете подалеку од нашата демократија

ИЛОН МАСК ДОБИ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ГЕРМАНСКИОТ ВИЦЕКАНЦЕЛАР: Рацете подалеку од нашата демократија

ЗЕЛЕНСКИ ЗА ТРАМП: Тој е во состојба да го запре Путин

ЗЕЛЕНСКИ ЗА ТРАМП: Тој е во состојба да го запре Путин

ГРЕНЛАНД САКА НЕЗАВИСНОСТ ОД ДАНСКА: Островот е богат со минерали, нафта, гас

ГРЕНЛАНД САКА НЕЗАВИСНОСТ ОД ДАНСКА: Островот е богат со минерали, нафта, гас

ПРОПАДНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛАДА НА АВСТРИЈА, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ШТО СЛЕДУВА! Најмалата партија се откажа

ПРОПАДНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛАДА НА АВСТРИЈА, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ШТО СЛЕДУВА! Најмалата партија се откажа

ОД КОВИДОТ ИМА И НЕКАКВА КОРИСТ – ГИ НАМАЛУВА ТУМОРИТЕ: Што открива најновото истражување

ОД КОВИДОТ ИМА И НЕКАКВА КОРИСТ – ГИ НАМАЛУВА ТУМОРИТЕ: Што открива најновото истражување

СИРИЈЦИТЕ БЕГАЛЦИ СЕ ВРАЌААТ ДОМА ПО ПАДОТ НА АСАД: Стотици илјади влегле во земјата од 8 декември до сега

СИРИЈЦИТЕ БЕГАЛЦИ СЕ ВРАЌААТ ДОМА ПО ПАДОТ НА АСАД: Стотици илјади влегле во земјата од 8 декември до сега

ЕЛИТЕН ВОЈНИК ИЗГОРЕЛ ВО САЈБЕРКАМИОНОТ НА ТЕСЛА: Идентификуван е, си пукал во глава пред експлозијата

ЕЛИТЕН ВОЈНИК ИЗГОРЕЛ ВО САЈБЕРКАМИОНОТ НА ТЕСЛА: Идентификуван е, си пукал во глава пред експлозијата