18 Декември, 2025
0.0826

Црвенковски не ги коментира наводите на Верушевски

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2019 10:59

Добивај вести на Viber


Поранешниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз и поранешен шеф на државава, Бранко Црвенковски, не сака да ги коментира наводите на Зоран Верушевски дека бомбите прво биле носени во партијата, по што екс разузнавачот ги анализирал како надлежен за безбедносната политика, но за нивната судбина одлучувале лидерите на СДСМ. Всушност, според сведочењето на Верушевски, нелегално стекнатите материјали биле донесени во тогаш опозициската партија уште во 2010 година, кога на нејзиното кормило беше Црвенковски, а неговиот наследник Зоран Заев реши да ги објави пет години подоцна. 

Фактор постави прашање до кабинетот на Црвенковски дали е точно дека бомбите пристигнале во СДСМ уште во 2010 година, кој се имал увид во овие материјали, и зошто не биле порано презентирани на јавноста, а од таму добивме одговор дека поранешниот претседател ќе се воздржи од одговор на оваа дилема.

„Поранешниот претседател Бранко Црвенковски останува на ставот да не дава изјави за медиумите на која било тема, вклучително и на оваа“, одговорија кусо за Фактор од кабинетот на Црвенковски. 

Исказот на поранешниот разузнавач кој вчера сведочеше за случајот на СЈО Таргет- Тврдина, всушност, во некои делови не коинцидира со сведочењата на свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски. Додека Верушевски тврди дека Лазаревски ја носел документацијата во СДСМ, Лазаревски во ноември лани рече дека откако ги ваделе разгвоворите му ги давале на Верушевски.

„За една – две недели ние го разработивме системот за вадење. Првпат Ѕвонко екпортираше прислушувани разговори на крајот на 2010 година, исклучиво СМС пораки на двд. Сѐ беше праќано кај мене. Потоа му ги давав на Верушевски. Ги копирав на екстерен криптиран диск, го пополнував хронолошки како стигаше материјал и го чував кај мене три години.Тој диск Ѕвонко ми го даде во  ходниците на МВР. Го земав и го пикнав в џеб. Ако ме прашаше некој што имам, планирав да го пукнам, скршам. Но, во сите тие изнесувања, никој не ме праша”, рече Лазаревски во судот, минатата година.

Верушевски вчера на некаков начин ова го негираше.

„Ѓорѓи Лазаревски беше едно од лицата кои донесуваа документи до партијата. Тоа лице ги доставило материјалите пред моето враќање од Италија во Македонија и продолжи во 2014 година", рече Верушевски на рочиштето.

Верушевски сведочеше дека како надлежен за безбедносната политика во СДСМ ги анализирал материјалите.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми