20 Мај, 2024
0.1018

ЦУК: Има зголемен прелив на браната „Глобочица“

Објавено во: Македонија 31 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Од подружница ХЕС „Црн Дрим“ – Струга  на АД Електрани на Македонија известуваат за зголемен прелив на браната Глобочица, информира Центарот за управување со кризи.

Согласно временската прогноза за денеска и утре таму се  очекуваат врнежи од дожд во количина од 20 литри на метар квадратен кои ќе бидат особено интензивни во раните утрински часови, проследени со силен јужен ветар со брзина од 80 километри на час.

– Ова ќе предизвика нагло зголемување на дотекот на вода во сливното подрачје на реката Црн Дрим, особено на профилот на браната „Глобочица“, каде во услови на истек од Охридското Езеро од 52 м3/сек и истек низ ХЕЦ „Глобочица“ од 52 м3/сек се очекува прелив на вода низ преливната шахта од 150-200 м3/сек. Прелиената количина на вода ќе предизвика зголемување на нивото на Црн Дрим низводно од браната Глобочица, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи.

Според соопштението, најголемите протеци на вода добиени според анализите правени согласно метеоролошката прогноза од вчера се очекува да бидат утре околу 6 часот изутрина, а ќе траат до попладневните часови истиот ден кога се очекува стабилизирање на истеците на вода.

По одржаната седница на Регионалниот штаб за управување со кризи-Охрид, во врска со најавениот засилен ветар и врнежи во охридската котлина, донесени се заклучоци за преземање соодветни мерки за превенција.

Се врши максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон река Црн Дрим.

За состојбата се известени угостителските објекти кои се лоцирани близу крајбрежјето на Охрид и Струга.

– Ќе се врши засилена контрола на патниот правец Струга-Дебар во село Луково поради зголемениот истек на вода од испустот на браната Глобочица. Состојбата будно се следи од страна на сите субјекти на СУК, кои ќе преземаат соодветни мерки за санирање на евентуални настанати ризици и опасности, информира Центар за управување со кризи. (МИА)


Можеби ќе ве интересира

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување