Д-Р. АРСЕНКОВ ЗА СОСТОЈБАТА НА БОКИ 13: Се жали на мали болки, но стабилен е
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020
Бојан Јовановски, познат како Боки 13 од утринава е во добра здравствена состојба по оперативниот зафат кој му беше изврешен синоќа во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје (стара Градска болница).
Директорот на Клиниката. д-р. Љубен Арсенков за Фактор изјави дека Боки 13 имал силни болки во желудникот, по што е констатирано дека станува збор за прснат чир.
-Пациентот Јовановски од утринава е во стабилна здравствена состојба. Се жали на мали болки, но тоа е сосема нормално по една таква операција. Тој синоќа околу 19.00 часот итно е донесен во Клиниката, а по направените анализи е утврдено дека имал чир на желудникот кој прснал. Хируршкиот зафат беше неизбежен и тој веднаш е опериран. Инаку, Јовановски претходно има две интервенции на желудникот, вели д-р. Ареснков во изјава за Фактор.
Боки 13 јавноста го знае како првообвинет во случајот „Рекет“, за што доби затворска казна во времетраење од 9 години.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.