27 Ноември, 2024
0.0356

Д-р. Беќаровски: Од „само пијте дома минерали, витамини Ц и Д“, доаѓаат пациенти со сериозни компликации

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Доктор Нико Беќаровски, директор на Токсикологија, во вчерашното гостување на емисијата Топ тема на Телма, рече дека во земјава има грешки и во третманот на пациентите кај кои е дијагностициран коронавирусот. 

„Тука е малку дискутабилен и начинот, со кој јас лично не се согласувам, а тоа е преку телефон да се води медицина. Друго е кога пациентот ќе го види стручно лице, односно доктор. Барем еден контакт секој од болните мора да има или со својот матичен лекар, или со друг доктор, кој што ќе процени. За жал не е така според сегашната процедура. Ние дојдовме до ниво на телефонска и онлајн медицина. За жал, пациентот, односно испитаникот некогаш не може да го препознае својот симптом. Можеби кога ќе го види докторот ќе препознае некој од симптомите кои вака самиот не може да ги каже“, рече Беќаровски. 

Тој вели дека некои протоколи мора да постојат, првин за одредување на клиничката тежина на сликата, но и кој каде ќе се лечи. 

„Јас уште не сум видел водич, смерници, за лечење. Разговарав со голем дел од матичните лекари - врз оснива на што се проценува кој каде понатаму ќе се упати. Ние мора да унифицираме во сите болници да има исти протоколи за лечење. Тие протоколи треба барем еднаш месечо да се ревидираат. Секој ден се појавуваат нови лекови. Дел од нив ќе ги вклучиме во терапевтските протоколи за тоа што нашите експерти ќе оценат дека треба, за дел ќе речеме дека би било убаво да ги применуваме, меѓутоа оваа држава тоа не може да го покрие финансиски, а дел ќе ги отфрлиме. Значи, ние мора да имаме и наша научна мисла - виролози, епидемиолози, интернисти, хематолози, пулмолози, кои ќе седнат и ќе кажат - на Инфективната клиника одат пациенти со таква клиничка слика и лабораторски наоди“, вели овој лекар.

За да се смири населението, смета тој, треба да им овозможиме да знаат дека тие што пројавуваат симптоми, ќе добијат минимум лабораториска дијагностика, ако треба и рентген наод на бели дробови, за да се оцени кој треба да се хоспитализара. Да знаат дека без оглед дали лежат во Кавадарци, Струмица, го добиваат истиот терапевтски протокол што е предвиден за таа тежина на клиничката слика. Да не постои впечатокот дека скопјни се привилегирани. 

„Се чудиме зошто кај нас умираат помлади. Но, мора да знаеме дека во просек Македонецот живее 7,5 години помалку од европскиот граѓанин, така што и нормално е да умираат помлади“, рече Беќаровски. 

Околу објаснувањето дека пациентите доаѓаат доцна, тој рече дека е точно и дека има такви пациенти, но и дека има грешки во системот. 

„Инаку, во тоа доцна доаѓање, има две големи категории групи, доцна доаѓање како резултат на тоа што пациентот криел и не се пријавил ни кај својот матичен. Често се случува, секоја вечер ние на Токсикологија имаме такви кои доаѓаат со 40 сатурација, ниту консултирле матичен, иако со денови ги имале симптомите и си мислеле ќе помионе, а дел од нив не сакаат да отидат поради тоа што ќе им пропадне бизнисот. Тоа е како резултат грешка на пациентот. Но, ние мора да си признаеме, има и доцна доаѓање како резултат на лавиринтов на системот, на пример, ако има позитивен тест пред 5 - 6 дена и ако во седмиот ден затаи, тука е веќе грешка во системот, ние мора да си признаеме - лошо е следен и лошо е воден. Бидејќи, точно е дека има пациенти каде влошувањето настанува за 4 - 5 часа, но во принцип, пациентот кој е веќе влезен во системот, треба да биде следен секој ден, да се прават испитувања. Јас разговарам со матичните лекари, и тие велат дека немаат некои конкретни насоки. Знаете на што се сведува лекувањето - пијте дома цинк, Ц и Д витамин, не може лекувањето само на тоа да се сведе“, рече Беќаровски. 

Инаку, тој смета дека ако и од денеска почнеме да се однесуваме одговорно, Нова Година ќе можеме да ја дочекаме на Плоштад. Значи, за 60 дена, меѓутоа со мерки до кои навистина сите ќе се придржуваме. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски