Д-Р БЕЌАРОВСКИ ЗА ВИСОКАТА СМРТНОСТ ОД КОВИД ВО МАКЕДОНИЈА: Да не бевме тврдоглави Балканци со само 37%, ризикот од смрт ќе беше могу помал
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2021 10:55
Токсикологот, д-р
Нико Беќаровски во неговата последна објава на Фејсбук за големиот број
починати поради компликации од ковид, посочува уште еднаш дека ваквата црна
статистика , можеби ќе беше „сива“, ако процентот на вакцинирани во земјава
беше многу повисок од само 37%.
Бројот на починати во Македонија од Ковид-19 надмина 6437. Ако оваа бројка не Ви изгледа страшно, замислете за само една и пол година да ни ги снема Крушево и Вевчани.
Премногу болно, премногу тажно.
А дали можеше да биде помалку кобно ??
Да ги заборавиме на момент протоколите, кои според едни се премногу лабави, според други премногу рестриктивни, да ги заборавиме и здравствените работници, кои според едни се убијци, според други се херои, да го заборавиме и Министерот кој за некои е брилијантен, за други неспособен, да ги заборавиме и свадбите, журките, кафеаните, неодговорните граѓани, за момент да ги заборавиме и нечистиот воздух, нездравата исхрана, дијабетот, дебелината, хипертензијата итн. Дали можеше оваа црна бројка да е барем сива ??? ДА, СЕКАКО !!!, пишува д-р Беќаровски во објавата на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




