22 Март, 2023
0.0207

Д-Р ДРАГАН ДАНИЛОВСКИ ДО МЕДИУМИТЕ: Не ширете лажни сензации, кракен е навистина заразен, но не предизвикува потешки симптоми

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Познатиот епидемиолог во земјава, професорот д-р Драган Даниловски, на својот фејсбук профил се произнесе за варијантата кракен на коронавирусот, која од вчера и официјално е потврдена како присутна во Македонија.

Тој апелира до медиумите да не шират сензационалистичи информации од типот дека „речиси сите пециенти завршуваат со хоспитализација“, бидејќи тоа едноставно не е точно и дека такво нешто може да им се случи само на постарите и ранливи лица.

Еве што напиша д-р Даниловски на фејсбук.

ЗА „КРАКЕН“

Вчера осамна информација дека во Гевгелија е изолирана подваријантата на Омикрон, XBB.1.5, популарно наречена „Кракен“ (по митското чудовиште со повеќе пипала – џиновски октопод или сипа - од шведската митологија), заради својата висока заразност.

Попладнето, наеднаш, бев опсипан со обраќања од загрижени граѓани, кои ми бараа објаснување за вознемирувачката вест што ја прочитале во некои портали. Таа гласи:

„Значи, состојбата во првите денови е слична како кога ќе фатиме грип или кога ќе настинеме. Сепак, во наредните денови ситуацијата почнува брзо да се комплицира и на скоро сите заразени лица на крајот им е потребна хоспитализација.”

Останав запрепастен! Првиот дел е точен, дека симптомите на кракен се слични како кај грип или настинка. Вториот е лага!

Вистината е дека САМО кај стари лица со хронични болести, односно ослабен имунитет, постои ризик да завршат во болница. Исто како кај досегашните соеви на омикрон. А не кај „скоро сите заразени лица“, како што стои во написот.

Очигледно е дека не се работи за случаен пропуст. Очигледно е дека се работи за намера да се објави сензационалистичка „информација“.

Јас уште на 13 јануари во Дневникот на МТВ изјавив дека „кракен“, иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми. Дека короната е вирус кој постојано мутира и ќе се јавуваат нови соеви во обид да опстане, но дека, наспроти тоа, со пандемијата е завршено.

Короната ќе остане во истото „друштво“ со причинителите на настинките и грипот.

Инаку, уште одамна (кога беше актуелен сојот делта) објаснував дека еволуцијата на короната неизбежно ќе се движи во насока на јавување на соеви, кои се позаразни од претходните, но кои истовремено ќе предизвикуваат поблаги симптоми. Сведоци сме дека тоа се остварува.

Апелирам до граѓаните да си останат спокојни, да си продолжат без страв со секојдневниот живот и да не веруваат на несериозни портали.

Единствено останува препораката, тие што ќе пројават симптоми (кашлање, кивање, растечен нос), да се придржуваат до т.н. респираторен бонтон. Тоа подразбира да си стават маска кога се движат меѓу луѓе во затворен простор (особено во автобуси), а ако имаат покачена температура, да си останат дома.

Исто така, мудро би било, постарите граѓани со хронични болести и други со компромитиран имунитет да одлучат да се вакцинираат и против корона и против грип. Зашто, во ек е сезоната и на грипот. И толку“, пшишува професорот на својот фејсбук профил.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Затвореници копале тунел за бегство од Идризово, полицијата ги откри

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Затвореници копале тунел за бегство од Идризово, полицијата ги откри

Анастасовска: Јанкулоска уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени

Анастасовска: Јанкулоска уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени

Артан Груби: Баскетот ми е од Перо Антиќ, голчето од ФФМ, а топката од Наумче

Артан Груби: Баскетот ми е од Перо Антиќ, голчето од ФФМ, а топката од Наумче

Кој е новиот в.д. директор на Фондот за ПИОМ?

Кој е новиот в.д. директор на Фондот за ПИОМ?

Изет Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Изет Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Диви наплаќачи на слободниот паркинг спроти Ист Гејт Мол

Диви наплаќачи на слободниот паркинг спроти Ист Гејт Мол

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Викендов треба да ги поместите стрелките на часовникот

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Викендов треба да ги поместите стрелките на часовникот

Управа за извршување на санкции: Пронајден е подземен недовршен тунел од околу 50-тина метри на потегот од објектите кои се рушат

Управа за извршување на санкции: Пронајден е подземен недовршен тунел од околу 50-тина метри на потегот од објектите кои се рушат

Ковачевски: За мене етничка припадност не е професија

Ковачевски: За мене етничка припадност не е професија