23 Март, 2025
0.0369

Д-Р ГРАМАТНИКОВСКИ ВРЗУВАШЕ „НЕВИДЛИВИ КОНЦИ“-Успешно изваден агресивен тумор кај 27-годишна пациентка, проф. д-р Милан Самарџиски за Фактор

Објавено во: Македонија 01 Март, 2022 08:48

Добивај вести на Viber

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, два тима предводени од професор Милан Самарџиски завчера изведоа исклучително комплициран оперативен зафат кој траел речиси 8 часа на бенигнен агресивен тумор кај млада 27 годишна пациентка. Заслужен е 15-члениот „арсенал“ од доктори, медицински сетри, болничари, но како што вели во разговор за Фактор професорот Самарџиски, оваа операција би била невозможна без васкуларниот хирург д-р Никола Граматниковски.

-Станува збор за агресивен тумор на шаката на паличната коска. Значи кај пациентката немаше малигни клетки, но туморот беше агресивен, расте брзо и оштетува коски. Тоа само хируршки може да се лекува, нема потреба од хемотерапија и тоа е добро, бидејќи васкуларниот граф „не сака„ хемотерапија“. Туморот успешно го извадивме, а дефектот го пополнивме со парче од малата писка, односно од горниот дел на потколеницата, а тоа е навистина многу тешко и сложено поради васкуларизацијата на тој дел. Токму за овој дел, д-р Граматиковски цели 4 часа оперираше, со микроскопи практично врзуваше „невидливи конци“, а потоа ние, во однос на ортопедскиот дел, ставивме плочки и штрафови и сега оставаме да подзарасне. Самиот момент кога го споивме со крвните садови се виде дека фрагментот е жив, опскрбен со крв и затоа сметаме дека е успешна операцијата. Од горниот дел на коската на ногата, всушност извадивме едно мало зглобче и го искористивме за зглобот на шаката. Практично, ако туморот беше околу пет сантиметри, таков ист фрагмент извадивме од ногата. Но, тука е комплицирано тоа што од големите крвни садови ги одвојувавме гранките и уште покомплицирано е што тука има еден нерв кој е одговорен за стапалото. Тој е многу нежен, малку само да се допре, прави парализа. Тоа е тој ризик, за кој пациентката е целосно запознаена и потпишува согласност. Но, тимот кој ја знае работата прво го изолира нервот, го штити и се помина во најдобар ред. Ова е втора операција која ја изведува д-р Никола Граматниковски. Претходно, пред отприлика 6-7 недели имаше уште една слична операција на која работеше со д-р Илир Хасани, васкуларна фибула ставаа на надлактица. И тоа беше навистина успешна операција беше на ТОАРИЛУЦ, појаснува детално професорот Самарџиски.

Вели дека паралелно работеле два тима, и огромен број анестезиолози, медицински сестри, болничари. На овој исклучително тежок зафат, лидер на првиот тимот бил тој заедно со д-р Никола Граматниковски, додека вториот тим пак го предводел неговиот најмлад асистент д-р Резеарт Далипи и потоа д-р Симона Карапанџевска, Корнелија Ѓеоргиевска и Теодора Тодорова. Анестезиолошкиот тим го водеала професор Јасмина Нанчева, со уште неколку специјализанти и секако во тимовите огромна улога имале повеќе медицински сестри и болничари.

-Сега, односно, постоперативно пациентката се чувствува добро. Ги чувствува прстите и на раката и на ногата. Чекаме само уште малку да и се стабилизира состојбата и да ја вертикализираме, односно да почне да станува и да оди. Тоа е многу важно, бидејќи во овој случај, ние практично нејзината здрава нога „ја разболевме“. Во моментов прима антикоагулантна терапија, антибиотици и терапија против болки. Проблемот е што навистина не ја знаеме причината за појавата на вакви тумори. Ако знаевме, немаше да дозволиме воопшто да се јават. Кај пациентката појавен е туморот пред четири години. Претходно и е направена една операција, туморот бил мирен до пред отприлика пет месеци. Значи три години по првата операција, пациентката повторно почувствувала дека нешто повторно расте, секако тоа е пропратено со болка. При ваква состојба, раката е отечена, туморот е во коската и тој агресивно расте и буквално како да сака да ја испука раката. Се појавуваат гигантски клетки, кои ја уништуваат коската која секако реагира со топење, односно остеолиза. Но, за среќа, со одличен тим, ваквите комплицирани состојби се надминуваат успешно, вели професорот Самарџиски.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки