Д-р. Исјановски за Фактор: Договорите на медицинските сестри ќе бидат продолжени, постапката во моментов е во ФЗОМ
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2020
Утринава жестоко одекнаа реакции по постот што го објави новинарот Фуркан Алиу, кој пишува дека на 40-тина медицински сестри не им е продолжен договорот за вработување, а беа дел од кадарот во Итната медицинска помош.
Алиу посочува дека тие нивните фотографии, на кои се гледаат лузните од маските, министерот Венко Филипче, во периодот на кризата ги јористеше само за ПР
-Лузните кои се појавуваа на лицето на Азра после цел ден носење на заштитна опрема, борејќи се да спаси живот повеќе беа многу битни за министерот Венко Филипче, кога требаше да ги објавува нејзините слики и да го користи нејзиниот труд за ПР. Денеска тие лузни се заборавени! Заборавени се затоа што требаше да им се продолжи договорот. Во време кога има недостиг на кадар, кога директорката на ИМП јавно изјави денеска дека би било добро ако има уште неколку екипи, Азра, нејзината другарка Исра, и на уште 40-тина медицински сестри, не им е продолжен договорот. Замислете како би требало да се чувствуваат другите медицински сестри или лекари кога ќе прочитаат дека Азра и Исра, работеле од 01.11.2019 до 31.10.2020, во најтешкото време, кога не знаевме ни колку опасен може да биде вирусот, без здравствено осигурување, а денеска, без ниту едно објаснување се оставени на улица. Навистина би сакал да верувам дека сум во сигурни раце кога ќе отидам во државна клиника, но зошто мене лекар да не ме третира, како што министерството и власта ги третира овие медицински сестри, пишува Фуркан Алиу во неговиот денешен пост на Фејсбук.
За оваа тема, Фактор побара одговори директно од надлежните, однсоно од раководителката на ИМП, д-р. Милица Бубало, како и од директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски.
Д-р. Бубало посочува дека договорите им се навистина завршени, но нејзините ингеренции се единствено до моментот кога на директорот може да каже дека има потреба од одреден медицински кадар, а понатаму одлучуваат повисоки инстанци.
-Јас единствено бев известена од правната служба дека договорите кои им траеја една година им се завршени. Но, јас сум само раководител и не одлучувам за вработувањата. Можам да побарам дополнителен кадар ако има потреба. А, во Итната медицинска служба секогаш има потреба од медицински кадар. Сега имаме медицински сестри колку што имаме возила. Некои од медицинските сестри се во изолација, па правиме преместувања, ротации и така натаму. Во секој случај, моите надлежности завршуваат тука. Што се однесува пак, до немањето заштитна опрема, можам да речам дека има за сите во секое време. Никогаш не сме оставиле, екипите да ризикуваат да се заразат со вирусот заради немање заштитна опрема, вели за Фактор, д-р. Бубало.
Истовремено, пак, директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Исјановски појаснува дека договорите на медицинските сестри кои се завршени, ќе им бидат продолжени до крајот на годинава, откако Управниот одбор на ФЗОМ ќе донесе одлука за финасиски средства.
-Во конкретниов случај станува збор за медицински сестри чии договори истекоа заклучно со 31.10.2020 година, но Здравствен дом-Скопје побара да им бидат продолжени за уште два месеца. Министерството за здравство даде согласнот, а сега постапката е во тек, односно процедурата е стигната до Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, кој треба да донесе одлука за финасиски средства. Ова можеби ќе потрае, но договорите ќе им бидат продолжени. Секогаш имаме потреба од таков кадар, а посбно сега кога сме во кризна ситуација поради епидемијата на корона вирусот во земјава, посочува д-р. Исјановски.
Инаку, во голем дел од здравствените установи овие денови отворени конкурси за медицински сестри, а од Унијата на ЗМТАС очекуваат оние кои досега беа со договори на дело да добијат решенија за вработување.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.