18 Декември, 2025
0.0633

Д-р. Коцев за Фактор: Загрижен сум, остануваат само 19 празни кревети, а од 76 пациенти дури 50 се на постојан кислород со максимален проток

Објавено во: Македонија 11 Март, 2021 10:34

Добивај вести на Viber

Состојбата во Тиквешијата е загрижувачка, па дури и алармантна заради се поголемиот број новозаразени на кои им е потребна хоспитализација. Директорот на Општата болница-Кавадарци, д-р. Диме Коцев за Фактор потврди дека сега дури половината од вкупниот број пациенти кои се лекуваат на трите ковид одделенија во оваа здравствена установа се од Неготино.

-Ако до пред само пет дена од вкупниот број хоспитализирани пациенти, една третина беа од Неготино, сега се половината од Неготино, па самото ова укажува дека бројот на новозаразени е навистина многу зголемен. Нашиот вкупен болнички капацитет во двете ковид- одделенија, како и модуларната болница е 96 легла, а сега имаме 75 пациенти кои се лекуваат тука. Остануваат 19 слободни места и можам да кажам дека по еве, цела година, повторно сум загрижен. Загрижен сум од причина што овие денови имаме многу повеќе приеми отколку исписи на оздравени пациенти. Лекувањето трае долго, самата болест е таква. На приемер, само вчера имавме еден испишан пациент, а дури осум новорпримени. Ако овој тренд продолжи вака ќе го исполниме максималниот број на болнички кревети, и тоа е нешто што навистина ме загрижува, посочува директорот Коцев.

Во нашиот разговор, д-р. Коцев вели дека макотрпно се борат за сите пациенти, но има и такви кои заради вложување на состојбата мора да ги препратат во скопските ковид-центри.

-На дневна основа се случува барем по еден пациент да мора да го пратиме во некој од другите ковид-центи, пред се заради други коморбидитети. Не се само белите дробови компромитирани, станува збор и за други коморбидитети. Кај дел од овие пациенти има добра сатурација, на пример, но се јавува тромбоза во екстремитетите, а тоа бара лекување на терцијарно ниво. Ваквите случаи мираме да ги препратиме во Скопје, потенцира д-р. Коцев.

Директорот на Општата болница-Кавадарци вели дека во последниов период е зголемена и потребата за кислород, односно дека повеќе се троши кислород, бидејќи се поголем  број од пациентите се ставени на кислородна поддршка.

-Од вкупно 76-те пациенти кои лежат тука, дури 50 од нив постојано се на кислород и тоа со максимален проток, останатите примаат повремено. Сето ова покажува дека навистина имаме една состојба која нималку не е лесна. Наредните седум дена треба да ги издржиме, ова е покритичен период, но тимот во болницата засега успева да се справи со ситуацијата. Би сакал посебно да истакнам дека досега не настана колапс во однос на преоптоварувањето на болничките капацитети само заради тоа што тестираме огромен број луѓе. Во инфективаната амбулатна дневно правиме по 80 брзи тестови, па секој што е позитивен веднаш оди во изолација и добива соодветна терапија. Досега во Кавадарци се направени повеќе од 4.000 брзи тестови. Секако се прават и ПЦР тестови во Центарот за јавно здравје, појаснува д-р. Коцев.

За крај на нашиот раговор, како и секогаш апелира до граѓаните во овој критичен период да избегнуваат собирања и да ги почитуваат мерките за заштита.

-Пред нас е празникот Прочка, в недела. Граѓаните е најдоборо да си останат секој во своите домови. Нека си се простат во мислите или преку телефон, но да нема семејни собирања е најдоборо, тоа ќе ја олесни состојбата на сите нас, апелира директорот Коцев.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери