Д-р Костов за Фактор: Примени 11 нови пациенти, еден починат од коронавирусот
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2020 11:37
Во Градската општа болнива „8 септември“ од синоќа па се до утрово до 8 часот, се примени 11 нови пациенти сомнителни на корона вирусот.
За жал, во изминатото деноноќие починала 56 годишна пациентка од Струга, но која имала други коморбидитети.
Ова за Фактор го потврди директорот на ГОБ 8 Септември, Христијан Костов.
„Овие 11 пациенти се суспектни, на кои им е земен брис и се очекуваат резултатите. Но, бидејќи станува збор за пациенти кои се примени во болница, тоа значи дека сите тие имале симпотоми, односно или пневмонии или високи температури. На овие пациенти веднаш им е дадена терапија“, вели Д-р. Костов за Фактор.
Во моментов во Градската општа болница се лекуваат околу 40-тина пациенти, од кои шест се на респиратор, а уште двајца се на кислородна поддршка.
Инаку, досега од ГОБ „8 септември“, двајца пациенти кои беа на респираторна машина, успеаја да „се извлечат“ и тие сега се чувствуваат добро.
Уште еден пациент кој беше на респираторна машина, се очекуваше дека би можел исто така да се избори, но за жал, неговата состојба потоа малку се влошила и останува на респиратор.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




