Д-р. Нико Беќаровски - еве кои производи ги имаме дома, а можат да го спречат згрутчувањето на крвта
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2020 11:06
Доктор Нико Беќаровски дава неколку корисни совети за граѓаните, за тоа кои производи кои сите ние ги имаме во својот фрижидер, можат да ни помогнат да го спречиме згрутчувањето на крвта, што е најопасната компликација од ковид 19. Истовремено, тој укажува и кои производи би требало да се избегнуваат, бидејќи имаат прокоагулантно дејство.
„Последниве денови кутија со Amp. CLEXANE или Tabl. XARELTO станаа вистинско богатство и реткост. Стравот од згрутчувањето на крвта, како најопасна компликација од Covid-19 ги испразнија рафтовите во аптеките, но и болниците. Да биде проблемот уште поголем, слична е ситуацијата и во сите соседни држави.
Затоа, ако нема со што да се лечи, мора на некој начин оваа појава да се спречи.
Еве неколку природни прехрамбени производи кои имаат антикоагулантни својства и чиј зголемен внес во Вашата секојдневна исхрана, може да даде позитивен антикоагулантен ефект:
☆ Куркума
☆ Ѓумбир
☆ Цимет
☆ Витамин Е
☆ 150 мл црвено вино
☆ Лук
☆ Гинко билоба
☆ Внес на 2 литри вода, правилно распределена во текот на денот.
☆ Цитрусни овошја
☆ Непечени семки од сончоглед
☆ Туна
Истовренено максимално избегнувајте ги следниве прехрамбени производи, кои имаат прокоагулантно дејство:
• Јајца
• Мајонез
• Пржено јагнешко и свинско месо
• Сувомеснати производи
Сите мажи над 40 и жени над 45-50 години, ако немаат контраиндикации, или некое хематолошко заболување, би било препорачливо покрај правилната исхрана до крајот на пандемијата секојдневно да конзумираат 67,5-100 mg. ацетилсалицилна киселина“, пишува д-р Нико Беќаровски на својот фејсбук профил.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




