19 Декември, 2025
0.2207

Д-р. Никола Пановски: Веднаш би го вовел лекот Ивермектин неместо антибиотиците кои немаат ефект, и онака луѓето сакаат да пијат лекови, барем ова би имало ефект

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2020 08:21

Добивај вести на Viber

Нова надеж во светот е лекот Ивермектин, антипаразитик, кој според клинички испитувања дал одлични резултати во лекувањто на корона вирусот. Микробиологот, д-р. Никола Пановски за Фактор појасни дека станува збор за лек кој постои од 1980 година, пред се наменет за дејство против паразитите кај животните, но и кај луѓето.

-Ова е навистина многу ефтин лек, а тројца храбри американски научници веќе го вклучија во лекување од Ковид-19. Клиничките студии покажуваат дека има ефект во сите фази. Оние што не се болни го пијат превентивно и не се разболуваат, оние кои имале контакт исто така, болните со лесна клиничка слика, па дури е користен и кај пациенти кои болнички се третираат. Значи во сите фази и има студиите покажуваат дека има одличен ефект. Ивермектинот најмногу се користи на истокот, Индија, Бангладеш, и Австралија. Јас веднаш би го вовел, па кај нас и онака народот сака да пие лекови, барем нека пие лек кој има ефект, наместо антибиотиците кои се покажаа дека немаат ефект во борбата против вирусот, вели д-р. Пановски за Фактор.

Тој посочува дека во Македонија Ивермектинот го користат ветеринарите, но не е регистриран како лек за луѓето, но смета дека би било навистина добро овој лек да се воведе во борбата против Ковид-19.  

-Секогаш е подобро да се има прво лек, а потоа вакцина. Тоа би било и многу поефтино за самата држава, вели микробиологот Пановски, за Фактор. 

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот