Д-Р ОГНЕН ИВАНОВСКИ ОСВОИ ПРЕСТИЖНА НАГРАДА ЗА ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО ОБЛАСТА НА РЕКОНСТРУКТИВНАТА УРОЛОГИЈА ВО ИТАЛИЈА
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2025 10:49
На годишниот заеднички конгрес на Европската асоцијација на генито- уринарни реконструктивни хирурзи (ESGURS) и Европската асоцијација за андролошка урологија (ESAU), кој се одржа во Торино, Италија, највисокото признание за најдобра видео презентација му беше доделено на д-р Огнен Ивановски од Универзитетската клиника за урологија во Скопје.

Во фокусот на наградената презентација е ретка и комплексна хируршка процедура на генитална реимплантација и реконструкција, самостојно изведена од д-р Ивановски и документирана преку видео-снимка, направена во една од операционите сали на Клиниката. Ова е наедно прв видео запис во светот кој ја документира и детално ја објаснува оваа хируршката техника.
Пациентот е следен цели три години после операцијата, со одлични резултати и без значајни компликации. Помеѓу бројните пријави од водечки европски и светски експерти, трудот на д-р Ивановски беше избран и препознаен како најзначаен придонес во областа на реконструктивната урологија за 2025.

“Оваа награда за мене е поттик да продолжам со уште поголема посветеност во интерес на пациентитеи развојот на науката.“, истакна д-р Ивановски по доделувањето на наградата.
Со ова признание, Универзитетската клиника за урологија во Скопје и нашата земја уште еднаш докажаа дека можат да бидат рамноправен партнер со најпрестижните европски и светски медицински центри.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




