Д-Р СОФИЈАНОВА: Поради британскиот сој, децата од асимптоматски, преминаа во симптоматски
Објавено во: Македонија 07 Април, 2021 11:10
Се намалува старосната граница на заболените од коронавирусот, а причина за тоа е појавата на британскиот сој.
Ова го птврдува и професор д-р Аспазија Софијанова, која вчера, во гостување на Телевизија 24, рече дека британскиот сој, за жал, не ги исклучи и децата.
„Има побрз метод на ширење и граничната возраст ја симна. Клиничката слика кај децата од асимптоматски преминаа во симптоматски и гледаме класична слика на Сарс ков 2“, рече, меѓу другото, д-р Софијанова.
Според неа, се поголем број е на позитивни деца кои се примаат на клиниката. Она што го гледавме кај возрасните, сега го гледаме и кај децата.
„Седум до осум деца има на Детска клиника позитивни со Ковид 19. Има можност децата од болницата во Козле да се пренесат на детска Клиника. Сега кога сме во пандемија, дајте да си помогнеме - реваншизам не“, потенцира оваа лекарка.
Таа нагласува дека вакцинирањето е иднината и дека прва би се вакцинирала.
„Ни треба позитивно размислување, затоа што разединувањето може да штети. Ние педијатрите ги имаме вакцините како рутина. Ги проучував вакцините што се излезени, шпекулациите внесуваат немир. Кога се разговара за ставање на пазар за одреден лек поминува низ толку многу фази, повеќе релевантни компании прават анализи. Се измислува дека се појавувало тумор, а вакцините се уште не почнале да се даваат“, рече д-р Аспазија Софијанова, директорка на Клиника за детски болести во Студио 10 на ТВ24.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




