Д-р Стојанов: Веќе нема познати кластери, вирусот се рашири низ цело Скопје
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2020 08:07
Инфекцијата е раширена во сите делови на градот и нема познати кластери, вели д-р Александар Стојанов директор на Центарот за јавно здравје Скопје. Во моментов главниот град е најголемото жариште, а активни се 2.010 случаи. Стојанов објаснува дека сега е потешко затоа што со кластери полесно се менаџира ширењето. Тој вели дека сега на респиратор завршуваат се повеќе млади луше.
Со кластери е полесно, ги знаете луѓето ги изолирате и тоа, но сега овде е веќе искочено надвор и може секој на секое место да заболи. Чаир се уште води, но не е како порано. Може да се каже дека ја носиме ситуацијата се додека имаме можност за хоспитализација. Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо како што имаше ситуации во некои развиени земји, вели д-р. Стојанов за Сител.
Додава дека ако на почетокот на пандемијата во најголем ризик биле повозрасните и хроничните пациенти, сега, состојбата помлади луѓе и здрави заболуваат во тешки форми, заболуваат и постари но полесно.
„Вирусот кај некои е агресивен, кај други во поблаги форми. Вирусот овие 4 месеци мутирал за да опстане. Станува поагресивен кај помладите и како да прави обратно. Но малку е времето од 4 месеци да го осознаеме, вели д-р. Александар Стојанов
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




